Дали сте го смирувале вашето бебе возејќи го во автомобил?

Науката има објаснување зошто бебињата заспиваат во автомобил без проблем

0
176

Многу родители го користеле испробаниот метод за возење на новороденчето во автомобил и тој бил успешен речиси секој пат. Се прашувате зошто е тоа така? Што го прави автомобилското седиште поудобно од пространото креветче?

Малите деца не заспиваат случајно веднаш штом ќе го запалите автомобилот. За нив, тоа е удобен простор што ги потсетува на престојот во матката.

Експертот за развој на дете, Трејси Каселс објаснува дека мајката го носи бебето во нејзината утроба девет месеци и тоа таму постојано се лула. Возењето во автомобил потсвесно го потсетува на тој период и бебето се чувствува опуштено и безбедно.

Зуењето на моторот создава „бел шум“ кој им помага на сите да се релаксираат, не само на бебињата. Имено, белиот шум или белите звуци се звуци како што е звукот на вентилаторот, на водопадите, на дождот или на машината за перење. Тие потсетуваат на звуците во матката и се корисни за заспивање во текот на првите три месеци од животот на бебето. Тоа е ритмички звук без зборови што се чини утешителен и смирувачки.

На крајот на краиштата, автомобилското седиште е топло место. Иако постарите деца ја ценат слободата на движење, бебињата претпочитаат помали простори кадешто се чувствуваат безбедно. Вртењето во автомобилското седиште не дозволува многу визуелна стимулација. Бебињата веројатно не можат да видат ништо друго освен небото преку страничните прозорци. Parenting Healthy Babies заклучуваат дека недостатокот на стимулација е клучен фактор поради кој бебињата лесно заспиваат во автомобилот.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]