Очајот на едно седумгодишно дете: Здодевно, здодевно онлајн-училиште

Здодевно онлајн училиште Денес е само уште еден ден во долгата низа на денови загледан во нем екран Само здодевно здодевно онлајн училиште тоа е единственото нешто што се случи, единственото нешто што ќе се случи.

0
155

Џулија неодамна на „Твитер“ споделила фотографија од рачно напишаната поема, која ја зема предвид реалноста на пандемијата и постојаното комуницирање преку видеоповици. Песната е напишана од гледна точна на основец кој е премногу исцрпен за и понатаму да „зјапа“ во компјутерскиот екран за време на часовите и чувствува како тоа да е единственото нешто што го прави деновиве. Поемата предизвика многу реакции и емоции, без разлика во која ситуација сме, бидејќи е факт дека пандемијата ги промени нашите животи од корен, а социјалната интеракција е сведена на минимум.

Ова е неговата поема:

Здодевно онлајн-училиште.
Денес е само уште еден ден во долгата низа денови со зјапање во глупавиот екран.
Само здодевно, здодевно онлајн-училиште кое е единственото нешто што се случува.
Единственото нешто што се случува – единственото нешто што ќе се случи.

Изгледа дека, ова било задача за еден од неговите часови, па тој ја прочитал поемата наглас. Џулија, објаснила дека е негова дадилка, па рекла дека детето се чувствува добро и покрај неговата авторска депресивна поема.

„Многумина од вас се загрижени за него. Ве уверувам дека е здрав и многу сакан и ова е тешко време за сите. И двајцата се забавуваме читајќи ги сите ваши коментари за поемата“, напишала Џулија на дополнителните твитови. Детето има многу хобија и интереси, а едно од нив е пишувањето. Џулија вели дека тој е брилијантен, слободен автор и не е единствената што размислува така.

Откако била објавена, поемата станала вирална. Многу луѓе ги потенцирале поетичните методи и структури искористени во поемата: работи како повторување (здодевно, здодевно) и реторичка прогресија (користење на различни времиња).

Други, пак, го пофалиле за сликата која ја претставува преку неговите зборови, правејќи ги работите директни на почетокот, а егзистенцијални на крајот од поемата.

Трети се шегуваат дека онлајн-учењето ги трансформира децата во Д-р Менхетен, лик од „Ди-Си Комикс“ универзумот кој покажува апатија и депресивност. Објавата предизвикала и дискусија во врска со тоа дали онлајн-учењето е ефективно и колку им е лошо на децата поради целата ситуација со пандемијата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]