Привилегираност: Кога родителите не поставуваат реални граници

Привилегијата е „животна стапица“ што прави да се чувствувате посебно. Со неа не сте способни да ги прифатите реалните (одмерени) граници во животот. Луѓето кои имаат проблеми со границите се многу склони да ги обвинуваат другите. Наместо да признаат дека се самите причина за сопствените проблеми, тие ги обвинуваат другите, и поради тоа се многу слабо мотивирани да се сменат себеси.

0
101

Кај проблемот со границите, толку многу се занимавате со своите потреби што не се осврнувате на другите луѓе. Можеби го правите ова до тој степен што другите мислат дека сте себични, дека барате премногу, дека сте егоцентрични, нарцисоидни и сакате да управувате со другите. И можно е да имате проблеми со самоконтрола. Вие сте толку импулсивни или емотивни што имате потешкотии во остварувањето долгорочни цели. Секогаш бирате само моментално задоволување. Не толерирате рутински и здодевни задачи. Учите дека сте посебни, дека имате привилегија да правите сè на свој начин.

Да се ​​имаат реални граници значи прифаќање на реални внатрешни и надворешни граници на вашето однесување. Ова ја вклучува можноста да ги разбереме и да ги земеме предвид туѓите потреби во нашите постапки – праведно да ги балансираме нашите потреби со потребите на другите луѓе. Тоа подразбира и можност да се примени доволно самоконтрола и самодисциплина за да ги постигнеме нашите цели и да ја избегнеме општествената казна.

Кога ќе пораснеме во средина што поставува реални граници, родителите ги одредуваат последиците од нашето однесување, и со нив ја наградуваат одмерената самоконтрола и самодисциплина. Тие не нè задоволуваат претерано ниту ни даваат прекумерна слобода. Тие нè учат да бидеме одговорни. Ние мора да ја сработиме училишната работа и да правиме рутински работи. Родителите ни помагаат да научиме да ги разбираме и почитуваме туѓите ставови и да имаме чувство за туѓите потреби. Тие нè учат да не ги повредуваме другите луѓе. Учиме да ги почитуваме правата и слободите на другите луѓе.

Но, можно е вашето детство да не поттикнувало рационални граници. Можеби вашите родители биле премногу благи и премногу ве задоволувале. Тие ви дале се што можеле да посакате. Тие го наградиле вашето манипулативно однесување – кога и да сте имате излив на бес, било по ваше. Тие не ве надгледувале адекватно. Тие ви дозволиле да ја изразувате лутината без ограничување. Никогаш не сте го научиле концептот на реципроцитет. Тие не ве охрабрувале да ги разбирате туѓите потреби, ниту да ги земате предвид туѓите чувства. Не ве научиле на самодисциплина и самоконтрола.

Привилегијата може да биде штетна за вашиот живот. На крај ќе им здодеете на луѓето. Или ќе ве напуштат, или ќе ви вратат мило за драго. Вашиот партнер ќе раскине со вас, пријателите ќе престанат да поминуваат време со вас, ќе добиете отказ на работа. Ако вашиот проблем со границите опфаќа потешкотии со самодисциплина и самоконтрола, „привилегираноста“ може да го загрози вашето здравје. Може да пушите премногу, да станете зависник од дрога, да вежбате малку, да се прејадувате. Можете дури и да извршите злосторство, да речеме, да изгубите контрола над себе и да нападнете некого, или може да ве уапсат за возење во пијана состојба. Проблемите со самодисциплина можат да ве спречат да ги постигнете своите животни цели. Може да биде премногу тешко да се дисциплинирате за да ја направите потребната работа.

Луѓето кои имаат проблеми со границите се многу склони да ги обвинуваат другите. Наместо да признаат дека тие се причина за сопствените проблеми, тие ги обвинуваат другите, и поради тоа се многу слабо мотивирани да се сменат себеси.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]