Како да ги поттикнете децата да јадат здрава храна, особено зеленчук?

Одговорот го дадоа американски научници кои утврдија дека со зголемување на количината на зеленчук што им се нуди на децата како предјадење за ручек, се зголемува и неговиот внес како прилог со главното јадење.

0
146

Во истражувањето на американски научници бил забележуван внесот на зеленчук од 51 дете во градинка во четири наврати. Децата биле поделени во четири групи: првата група не добила предјадење, втората добила 30 гр, третата 60 гр и четвртата 90 гр моркови за предјадење.

Децата кои добиле 30 гр моркови како предјадење се зголемил внесот на брокула, послужена како гарнир на главното јадење, за скоро 50 проценти во споредба со децата кои не добиле моркови како предјадење. Децата кои добиле 60 гр моркови за предјадење, го зголемиле тројно внесувањето на брокула.

Резултатите од студијата се спротивни со традиционалното верување дека децата не сакаат да јадат зеленчук. А еве и идеи за родителите за тоа како да ги навикнат своите деца на здрава и избалансирана исхрана.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]