Оваа мајка сподели на Фејсбук фотографија на која ја дои својата ќерка среде продавница, додека девојчето седи во количката за пазарување. Фотографијата предизвика голем број различни коментари на социјалните мрежи.
„Лили ми побара да ја дојам во продавницата. Сфатив дека почнав да барам агол кадешто би можела да се скријам од очите на јавноста, но потоа се прашав, од што воопшто се срамам“, напиша мајката во својот пост.
„Шестчлено семејство помина покрај мене и сите зјапаа во нас и нешто тивко си шепотеа. Потоа, почнаа да се смеат“, додава таа.
Мајката ја објавила својата фотографија на Фејсбук.
Во бројните коментари, некои ја поддржуваат велејќи дека го дојат бебето на ист начин, но има и такви кои изјавуваат дека нема потреба да се стои на средина од продавницата ако има простории за доење.
Какво е Вашето мислење?
Фото: Фејсбук