Ги учите децата како да поминат улица, ама дали ги учите како да се заштитат од педофили?

Според извештаите на Светската здравствена организација, една од пет жени тврдат дека биле сексуално злоупотребувани како деца. Дали дел од комуникацијата со вашите деца е и разговорот за тоа што значи сексуална злоупотреба, како да ја препознаат и како да се заштитат од неа?

0
164

Регионалните податоци покажуваат дека осум до 10 проценти од децата доживеале некаква форма на сексуално насилство, а децата во повеќе од 90 проценти од случаите ја познаваат жртвата, што им го отежнува пријавувањето на злоупотребата.

Разговорот со децата за овој вид на однесување е од клучно значење за детето, за да може, како прво, да ја препознае злоупотребата, а потоа и да ја пријави кај родителите или на доверлива личност.

Без страв од непријатниот разговор

За да може да се одржи разговор на оваа многу деликатна тема, важно е родителот да стане свесен дека ПОСТОИ сексуална злоупотреба на деца.

Сфаќањето дека сексуалните предатори постојат во нашето опкружување, на улица или дури и во семејството, а не само во странските филм, е пресвртна точка за промена на свеста и започнување со сексуално образование.

За сексуално несоодветно однесување со децата може да се зборува уште од постара возраст од градинка кога детето има капацитет да разбере добро и лошо.

Нема причина родителите да бегаат од оваа тема, бидејќи како што ги учат децата да преминуваат улица на пешачки премин, така можат и да ги научат дека никој не смее да ги допира под пантолоните.

Со оглед на тоа што темата за сексуална злоупотреба стана актуелна во медиумите деновиве, постои можност детето да слушне и да праша за некој, дотогаш, непознат збор што е поврзан со ова прашање. Ова е одличен начин да ја започнете оваа чувствителна тема.

Можно е да се зборува за сексуална злоупотреба дури и кога децата не знаат што е секс. Совет на детскиот психолог Ејми Ланг е дека родителите не треба да ја избегнуваат темата за секс, бидејќи колку повеќе ја избегнуваат, толку е поголема шансата детето да научи за сексот на погрешен начин.

Совети за разговор со деца за сексуална злоупотреба

Научете ги децата како се нарекуваат сите делови на нивното дете и објаснете им кои делови се интимни.

Објаснете им на малите да кажат ако одредени допири им создаваат непријатност (гушкање, бакнување, допирање). Без разлика дали станува збор за близок член на семејството или за непозната личност.

Разговарајте со децата за тајните и кажете им дека тие можат да ви кажат сè. Ова е многу важно и ако вашето дете ви открие некоја тајна, никогаш не реагирајте бурно или луто. Ваквата реакција може да го спречи детето да ви верува во иднина.

Кога разговарате со децата за несоодветни допири, уверете ги дека никогаш не е виновно детето, туку дека вината е секогаш кај возрасниот.

Научете ги децата да кажуваат и посочуваат на лошо однесување од околината. На тој начин, тие ќе научат што е добро, а што лошо, но уште поважно, ќе научат да посочуваат и да пријавуваат лошо однесување.

Зборувањето за сексуална злоупотреба не мора да биде стресно, нека биде дел од вашата родителска рутина. Нешто што се споменува од време на време. Исто како што зборуваме за безбедност во сообраќајот, така и зборувањето за сексуално несоодветно однесување не мора да биде баук.

Одвојте време за децата, слушајте ги, но исто така научете ги да се грижат за себе и за своите пријатели, да пријавуваат кога ќе се случи нешто лошо и да се слушаат себеси и своите чувства.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]