Наместо да си играат со лего коцки, Швајцарците ги учат децата како да гласаат на референдуми

Следниот референдум во рамките на овој граѓански проект чии учесници се деца од предучилишта возраст, ќе биде за неколку месеци и ќе биде многу важен. Децата ќе бидат прашани за попладневниот сон - колку ќе трае и дали мора да биде задолжителен.

0
168

Наместо да си играат со лего коцки, десетици деца од предучилишна возраст во Швајцарија учат демократија уште од мали нозе. „Граѓанскиот проект“ е идеја на три приватни предучилишни установи во Лозана за да ги подготват децата да учествуваат во познатата директна демократија во Швајцарија и референдумите за широк спектар на прашања, на секои неколку месеци.

„Идејата е децата да научат за демократијата“, вели Оливие Демаделејн, водач на групата „Едукалис“ што раководи со предучилишните установи. „Сметаме дека е важно да се научат вистинските рефлекси од рана возраст“, ​​додава тој.

Проектот Едукалис не е прв од ваков вид во Швајцарија, но се издвојува по „младоста“ на неговите учесници.

Еднаш неделно, триесетина четиригодишни деца од три предучилишни установи одат во своето „село“ во пошумено предградие на Лозана. Некои деца играат улоги како началник на селото, полицаец или медицинска сестра.

„Тие го сфаќаат тоа многу сериозно“, вели Демаделејн, посочувајќи на еден „лекар“ кој брза да му помогне на момчето што плаче, паднато со лицето во снег.

Деновите резервирани за престој на село се спроведуваат таму, без оглед на времето. Облечени во живописни комбинезони за снег, го чекаат големиот ден – референдумот.

Ив Л’Еплатенје, една од воспитувачките, стои зад гласачката кутија и покажува на белото селско знаме украсено со голема буква Е, кое се вее на ветрот зад неа.

„Тоа е нашето ново знаме“, вели таа, децата гласаа за него во ноември помеѓу двете понудени опции.

Како и тогаш, и овојпат, децата добиле плик со гласачки материјал како што добиваат и возрасните пред секој референдум. Овојпат тие биле запрашани како сакаат да продолжат со идните изјаснувања, со тајно гласање или со кревање рака.

Децата го пополнуваат гласачкото ливче дома и го ставаат во плик, апотоа во селото, под надзор на две девојчиња, „селски началници“, го ставаат во гласачката кутија.

После тоа, пет деца, членови на комисијата, заедно со тројцата возрасни одат во малото засолниште кое вообичаено им служи за јадење, а сега како канцеларија за броење на гласовите.

Л’Еплатенје им објаснува како да го отворат секој плик и да ги распоредат гласовите во две чаши. Потоа внимателно ги бројат: 19 гласа се за гласање со крената рака и 17 се за да продолжат со тајното гласање.

„Кревањето на рацете победи“, им објавува на другите малото девојче Лејла.

Дел од децата изгледаа разочарано што нивната опција не победила, но Л’Еплатенје објаснува дека помагањето да ја надминат фрустрацијата е дел од вежбата.

Следниот референдум ќе биде за неколку месеци и ќе биде многу важен. Децата ќе бидат прашани за попладневниот сон, колку ќе трае и дали мора да биде задолжителен.

Идејата, велат иницијаторите на проектот, е децата да видат како гласањето влијае на нивниот секојдневен живот и како тие можат да станат фактор во тоа.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]