Eднократни или платнени пелени: Кои се подобри за кожата на бебето?

При изборот на пелени за бебето, треба да разгледате неколку работи - кои пелени се поекономични, кои се подобри за околината и што е најважно, кои се подобри за кожата на бебето.

0
287

Во морето на бројни нови информации што секоја мајка ги прима, од разни производи, креми, марами за доење, едно од прашањата со кое сигурно не сакате да се занимавате е „дали се подобри платнените или пелените за еднократна употреба?“.

Но, ако ова прашање сè уште ве мачи, ви пренесуваме неколку предности и недостатоци на двата типа, како и објаснување кои пелени се подобри за кожата на бебето.

При изборот на пелени за бебето, треба да разгледате неколку работи – кои пелени се поекономични, кои се подобри за околината и што е најважно, кои се подобри за кожата на бебето. Во просек, децата носат пелени до возраст од три години на многу чувствителна кожа. Бебешката кожа е различна од возрасната затоа што не е зрела и сè уште се развива.

Кожата на нашите бебиња е потенка од кожата на возрасен, поткожното масно ткиво е многу потенко, не е отпорно на разни температури, склоно е кон дехидрација и е многу почувствително, и алергиите се развиваат полесно.

Платнените и пелените за еднократна употреба се изработени од различни материјали, со голема разлика помеѓу материјалот што се користи денес и оној што се користел пред десет години. И од едните и од другите бебето може да развие пеленски дерматитис или осип, што може да предизвика бебето да биде немирно.

Платнените пелени не се како пред 30 години

Кога мислат на платнени пелени, на многу луѓе им паѓаат на памет тетра пелени кои се направени од 100% памук. Денес, платнените пелени се направени од нови, помалку пропустливи материјали, како што е бамбус и се прилагодуваат по големина, бидејќи се прицврстени со сусти односно, нитни.

Главниот недостаток на овие пелени отсекогаш бил дека тие апсорбираат помалку течност и треба почесто да се менуваат, но ова значително се промени со новите технологии. Еве уште неколку придобивки од платнените пелени.

Финансиска исплатливост

Кај децата е нужно пелените да се менуваат често, бидејќи оставањето урина и измет може да предизвика алергиски реакции, но и непријатност кај бебето, што предизвикува немир и плачење. Денешните платнени пелени, за разлика од тетра пелените, не мора да се менуваат толку често и можат да се мијат по употреба.

Сите пелени за еднократна употреба одат во ѓубре по употребата, додека платнените може да се користат неколку пати. Овие поновите не треба да се варат, туку лесно се перат во машината за перење со претходно натопување. Наместо да купувате пелени за еднократна употреба еднаш неделно, можете да ги користите платнените одново и одново и така да го намалите трошокот. Покрај тоа, постојат и прилагодливи платнени пелени што можете да ги користите скоро цело време додека вашето бебе не научи да седи на нокшир.

Цената на платнените пелени е повисока еднократно, но е пониска долгорочно во споредба со цените на еднократните пелени. Заедно со нив, можете да купите и заштитни гаќи кои исто така можат да се мијат, со што дополнително ќе се зајакне апсорпцијата.

Тие не се тешки за кожата на бебето

За разлика од еднократните пелени кои се направени од пластика, памучните пелени се помалку иритирачки за кожата на бебето и предизвикуваат помалку воспаленија на неговата кожа. Природните материјали се подобри за секој дел од облеката на бебето, а особено за овој, кој е особено чувствителен бидејќи кожата во нив дише полесно.

Ако не ги миете со обичен детергент, туку со оној што не содржи фосфати, тоа ќе биде уште побезбедно за кожата. Можеби сте загрижени за мирисот што може да остане, но тој лесно се решава со помош на оцет, есенцијални масла и перење на малку повисока температура. Иако на секој пакет е означена температурата за перење. Вообичаено е да се перат на околу 60° С.

Тие се подобри за животната средина

Органски материјали, како што се памук и бамбус, се распаѓаат многу полесно во природата отколку пластиката, за што понекогаш се потребни неколку стотици години за да се распадне. Платнените пелени обично не содржат никакви соединенија.

Полесно учење на нокшир

За разлика од еднократните пелени кои прават бебето да се чувствува суво по мокрењето, платнените пелени можат да остават чувство на влага. Иако бебето може да биде малку повознемирено од ова, тоа ќе научи дека по мокрењето се чувствува влажно и дека треба да се смени пелената. Ова може да помогне побрзо да се ослободите од пелените и полесно да го навикнете на нокшир.

Пелените за еднократна употреба се поскапи и полоши за кожата

При избор на пелени за еднократна употреба или платнени, сигурно ќе размислите кои се поедноставни. Ако го погледнеме само тој фактор, пелените за еднократна употреба се секако поедноставни и не мора да се грижите за нивното перење.

Но, недостатоците на пелените за еднократна употреба се многубројни:

Тие се направени од пластика и затоа ѝ штетат на животната средина, особено ако не се отстранат правилно
Ако фекалиите не се фрлат во тоалетот пред да се фрли пелената, тоа се смета за опасен отпад
Тие генерираат огромни количини отпад
Не постои можност за рециклирање и употреба за други цели
Хемиските соединенија во пелените за еднократна употреба можат да ѝ наштетат на кожата на бебето и да предизвикаат алергиски реакции
Да се ​​купуваат пелени за еднократна употреба е долгорочно многу поскапо од платнените

На децата им е потешко да се одвикнат од пелени ако ги користат оние за еднократна употреба
Тие можат да бидат со слаб квалитет и затоа треба често да се менуваат, со што само се зголемуваат вашите трошоци

Заклучок: Кои пелени се подобри за бебето?

Кога ќе ги земете предвид сите фактори, прилично е тешко да се одлучите за пелени за еднократна употреба. Секако, сè ќе зависи од вашите желби, потреби, но и од реакциите на вашето бебе на различни материјали. Ако сакате да бидете совесни во однос на грижата за животната средина, да ја намалите можноста за алергии и да имате помалку трошоци – платнените пелени сепак изгледаат како подобар избор.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]