За развојот на мозокот на бебето добриот сон е од пресудно значење. Недоволно сон пак, може да доведе до проблеми со говорот и хиперактивност.
Некои родители спијат со своите деца во кревет со надеж дека ќе се поврзат порано. Ова не само што е збунувачко за детето, туку може да биде и опасно за него.
И тоа не е единственото нешто што не треба да го правите за вашето дете добро да спие. Постојат голем број грешки што ги прават родителите, од вклучено светло во просторијата каде што спие бебето, до целосна тишина за да не се разбуди бебето.
Бебето нема рутина на спиење
Воспоставувањето рутина на спиење е од суштинско значење за вашето дете. Ова може да му помогне да се смири и да заспие побрзо. Многу е важно да се држите до распоредот за детето да научи кога е време да спие. Со текот на времето, тоа ќе се навикне да оди на спиење во исто време, па заспивањето ќе стане многу полесно и побрзо, пишува WebMD.
Не го заморувате доволно вашето бебе кога е будно
Децата се исти како нас, колку сме позафатени во текот на денот, толку сме повеќе исцрпени и полесно ќе заспиеме навечер. Затоа, обидете се да го вклучите вашето бебе во што повеќе активности. Зборувајте со него и пејте, изнесете го надвор. Сето ова ќе го направи вашето дете позаморно и подготвено за спиење.
Непризнавање на знаците
Понекогаш родителите чекаат премногу долго пред да ги испратат своите деца во кревет. На пример, тие чекаат додека децата не почнат да плачат. Сепак, постојат многу други знаци кои покажуваат дека вашето дете е уморно и има потреба од сон. Ако се намуртат, ги тријат очите и ушите со рацете, тоа може да значи дека е време за спиење.
Го оставате бебето да спие во осветлена просторија
Темнината делува смирувачки на бебињата и го стимулира производството на мелатонин, хормон кој помага во регулирање на спиењето.
Блокирање на бучавата
Бебињата не треба да спијат во целосна тишина затоа што откако ќе се навикнат подоцна може да имаат големи потешкотии при спиењето. Понекогаш се препорачува дури и употреба на уреди кои создаваат тивок шум што може да му помогне на бебето полесно да заспие.
Го иставате бебето будно премногу долго
Можеби мислите дека ако бебето е будно подолго, тоа ќе биде поуморно и ќе заспие побрзо. Но ова може да го уништи распоредот на спиење и да влијае на количината на сон.
Фото: Pexels