Моето дете не е грубо и безобразно – има аутизам

Таа го кажува она што го мисли и го мисли она што го кажува. Нема филтер.

0
380

Но, таа ја кажува вистината, па тука се јавува проблемот.

Ние „невротипичните“ имаме различен пристап кон вистината. Ја филтрираме низ различни можни сценарија и перцепирани мислења, а потоа ја презентираме на тој начин што ќе бидеме сигурни дека ничии чувства нема да бидат повредени. Но, во светот на Лиз нема филтер. Таа го кажува она што го мисли и го мисли она што го кажува. Еден возрасен човек со аутизам еднаш добро го објасни ова кога побарал од луѓето да престанат да на неговите зборови да им даваат значења што тие ги немаат.

Лизи очајно сака да биде вклучена во секој разговор што се одвива околу неа. Не знае секогаш како да се вклучи, па ќе се „фати“ за што било познато што ѝ дозволува да ги вметне своите мисли. Затоа западна во неволја на часот на кој биле повеќето од одбојкарите и тренерот по одбојка од училиштето, па дискутирале за нивната лоша сезона. Лизи била возбудена бидејќи тоа ѝ било позната тема, па извикала: „Па, одбојкарскиот тим не победил во ниту една игра оваа сезона!“ Нема потреба да се нагласи дека тоа не резултирало со добар исход.

Во друга ситуација, семеен пријател ја изгуби својата работа, а неговата ќерка сподели со Лизи каде би сакала да оди на одмор. Лизи брзо ја информира: „Не можеш да одиш на одмор бидејќи татко ти нема работа и немате пари“. Во двете ситуации таа само ја кажала вистината, а со ниту еден збор не сакала да повреди нечии чувства. Но, филтерот кој ѝ недостига си функционира на поинаков начин. Понекогаш кога се обидува да сфати како функционира светот, таа поставува прашања кои луѓето ги сфаќаат погрешно. Кога се обидуваше да ја разбере бременоста, праша еден крупен човек дали е труден. Кога се обидуваше да ја разбере смртта, мислеше дека сите умираат кога ќе наполнат точно 100 години. Ги прашуваше луѓето колку години имаат и потоа сметаше кога ќе престанат да живеат и ги информираше за тоа.

Повторно, немало лоша намера во ништо од тоа – таа само собирала и споделувала информации. Не е непристојно, тоа е аутизам. Луѓето многу брзо имаат предрасуди и ги отпишуваат другите.

За Лизи да биде прифатена таква каква што е, другите треба да ги надминат нејзините зборови и да го согледаат нејзиното нежно срце. Но, зарем не треба сите да бидеме трпеливи, да не се држиме толку цврсто до кажаните зборови и да го погледнеме срцето на личноста? Зарем една погрешна работа што е кажана ги прави ужасни личности? Зарем различното мислење го прави другиот непријател?

Можеби, само можеби, ова е лекцијата на која аутизмот може да го научи светот.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]