Родителски грешки: 8 погрешни уверувања за парите што им ги пласираме на децата

Свесно или не, понекогаш како родители создаваме кај децата сосема погрешна слика за парите. Еве кои уверувања во врска со парите можат да бидат лоши за децата.

0
191

Управувањето со парите навистина може да биде тешко за возрасните. Родителите честопати не се свесни дека начинот на кој се однесуваат кон парите може да има негативно влијание врз нивните деца.

1. Парите се табу тема

Многу семејства имаат систем во кој не се зборува за парите. З​борувањето за нив се смета како нешто срамно, нешто што не треба да биде тема на разговор.

Не молчете, разговарајте со детето зошто сте дале пари за нешто и зошто сте одлучиле да не дадете за нешто друго. На тој начин ќе го научите како да управува со парите.

2. Парите се секогаш таму

Многу е важно децата уште од рана возраст да разберат дека парите не растат на дрво. Започнете со едноставни лекции – ако го сторам ова, ќе заработам пари. Подоцна, кога ќе пораснат малку, децата можат да заштедат и да направат сопствен фонд за нешто што им треба.

3. За парите се грижат постарите

Не мора да биде вистина. Децата можат да научат што е приход, а што расход. Може да играте инвестиции, да продавате лимонада во соседството, да правите распродажби …

4. Парите секогаш се врзуваат за негативни емоции

Не дозволувајте вашето дете да има негативен став кон парите. Разговорот за парите нека стане пријатна и убава тема, наместо вознемиреност и притисок. Иако парите можат да предизвикаат страв кај многу родители, бидете свесни дека треба да ги промените емоциите кон нив, за да може детето да научи да ги сака, наместо да ги мрази.

5. Секогаш го купувате она што детето го бара

Ако секогаш му купувате на вашето дете она што го бара во моментот, тоа не е добро за него. Претворете го ова во лекција, наместо да ја купувате играчката веднаш. Објаснете му на детето дека ќе купите намирници, а не играчки. Тие во моментов ги нема на списокот за шопинг. Ако тоа е нешто што детето навистина го сака, можете да го претворите во роденденски или во новогодишен подарок или да му објасните на детето дека ќе го ставите на списокот и ќе го купите кога ќе дојде  ред за тоа. Понекогаш е во ред да му купите на детето играчка веднаш, но не можете да дозволите тоа да стане навика.

6. Поевтината опција не вреди

Ова апсолутно не мора да биде вистина. Покрај таа скапа опција, проверете дали има и поевтина, и подеднакво квалитетна. Постои многу често. Научете го вашето дете преку вашиот сопствен пример.

7. Вашата финансиска состојба е непроменлива

Семејствата кои имаат финансиски проблеми обично ставаат поголем акцент на она што не можат да си го дозволат наместо да размислуваат како да го постигнат тоа. Научете го вашето дете дека немањето пари не е нешто што не може да се измени. Постојат начини да заработите пари и да излезете од финансиските проблеми.

8. Штедењето е закон

Се разбира, штедењето е важно. Сепак, не е добро да ги учите децата да ги штедат сите свои пари. Научете го детето дека парите што ги заработува служат за трошење, но на рационален и на вистински начин. Научете го вашето дете дека парите се вложуваат и дека за возврат се добиваат се добиваат добри работи.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]