Двегодишно дете само прави чај, користи машина за перење, средува и подготвува јадења!

Ова двегодишно дете има повеќе животни вештини од многу студенти. Со мала помош, Џекс Тејлор може да подготви чај, да користи машина за перење, да средува и да подготвува јадења. Неговите родители му дозволуваат да прави работи самостојно и да учи од сопствените обиди и грешки.

0
383

Гордата мајка на двегодишниот Џекс Тејлор, Флоренс, го научила својот син да биде целосно независен користејќи Монтесори техники за родителство. Овој „контроверзен“ метод на родителство им дава на децата можност да учат и да го истражуваат светот самостојно. Но, додека некои родители во тоа гледаат проблем, мајката на момчето Џекс Тејлор верува дека нејзиниот син не зависи од други.

Родителите на малото дете го поттикнуваат на самостојно учење. За кратки две години од својот живот, тој научил да готви, да пере алишта, да изработува предмети, да средува. Флоренс, од Западен Сасекс, за Мирор изјавила: „Ми се допадна идејата мојот син да биде самостоен, мотивиран и да се развива на свој начин во свое време. Станува збор за тоа што јас како родител сум тука и го усмерувам детето, но исто така и му овозможувам да се развива самостојно.

Нема пофалби и казни во воспитувањето, има само насоки и природни последици. Исто така, голем акцент е ставен на она што го нарекуваме „практична животна работа“, а тоа се секојдневни активности, како што се перење облека и самостојна работа. Овозможувам син ми да ми се придружи во готвењето, во перењето алишта и што било друго што го интересира. Тој е многу независен затоа што сè му е дозволено. Без потреба цело време да зборуваме „оди играј си, сепак си премногу мал за тоа, итн“, нашиот син научи вештини кои ги немат ниту некои возрасни лица што ги знам“, вели Флоренс.
Дваесет и петгодишната мајка додава: „Мојот син може и знае да испере алишта. Тој знае како да ја намести вистинската поставка на машината за перење, каде да го стави омекнувачот и да ја замени со машина за сушење кога перењето е готово. Влегов во кујната и го видов како ги менува поставките за перење на сушење на алиштата, и сè што требаше да направам е да му кажам благодарам”, вели таа.

Мајката раскажува дека тој секогаш бил заинтересиран за готвење, па затоа и му дозволувала.

„Имаме ножеви за мали деца и прибор за готвење, а самиот подготвува лазања,  болоњезе и омлети. Јас сум секогаш тука за да го чувам. Тој го користи шпоретот, но знае дека е жешко и дека не смее физички да го допре, и никогаш не го стори тоа, дури еднаш ми рече да ја помрднам раката затоа што ми беше на шпоретот, а тој беше вклучен“.

Вообичаена поговорка во заедницата Монтесори е да се обезбеди толку помош колку што е потребно, а за ова се придржува и Флоренс во воспитувањето на нејзиниот син.
„Мојот син знае да прави чај, од почеток до крај. Ја прави целата постапка освен што не налева од чајник, најмногу затоа што е тој преголем и тежок за него. Но, разбира дека е жешко и дека не треба да го допира. Потоа ги процедува вреќичките чај, ги вади, промешува и воала“. Детето и неговата мајка потоа уживаат во плодовите на нивниот труд.

Џекс пие без кофеин и си зема грицки кога сака. Покрај тоа што му дозволува на детето да нови свои одлуки, Флоренс го поддржува во различни вештини, како што е преминување на улицата. Таа објаснува: „Секако дека сум тука, подготвена да го запрам кога трча по улица, доколку е потребно, но секогаш му давам шанса да донесе правилна одлука самостојно и тој секогаш го прави тоа. Безбедноста на улица е задолжителна и колку побрзо научите, толку подобро“, смета Флоренс. Детето, тврди неговата мајка, е секогаш безбедно и надгледувано, но исто така му е даден простор да прави грешки и да учи од нив. Таа се колне во техниките за родителство на Монтесори – и е поддржана од семејството и пријателите.

Како и да е, некои се критични кон овој метод на воспитување и тврдат дека станува збор за занемарување на децата, загрозување и лошо родителство. Флоренс пак, се надева дека повеќе родители ќе го испробаат нејзиниот пристап, но нагласува дека е потребно прво да се истражат сите методи и техники на Монтесори. Ако сакате да ги видите Флоренс и Џекс на нивното патување низ растењето, тоа можете да го сторите на Инстаграм профилот на Флоренс Montessoraus.mama.

Фото: Флоренс Тејлор

[better-ads type='banner' banner='999' ]