Дали и вие му викате на вашето дете да престане да вика?

Речиси сите го поминале ова. Сите се прашуваат дали постапиле добро во некоја ситуација и дали можело да биде подобро и поразлично. Добрата вест е дека постојат техники кои можат да ви помогнат лошото однесување да го согледате во поинакво светло.

0
123

Сè беше добро додека не му донесовте појадок на вашето малечко на неговата сакана сина чинија. Поточно, сакана до денеска. Некако преку ноќ, сè што мислевте дека знаете за вашето дете, се покажа како погрешно – „Сакам сендвич во форма на триаголник, а не правоаголник!“ Или „Сакам зелена чаша, а не црвена!“ Или „Ги мразам тие чорапи!“

„И што е важно што чинијата е сина? Само јади! ”Викате.

„Дали е важно каква форма има сендвичот!“ Викате.

И подоцна, кога ќе се смирите, сфаќате дека му викавте на вашето дете да престане да вика. Изразот „Прави го она што ти го велам, а не она што го правам“ никогаш немал поголема тежина.

Речиси сите го поминале ова. Сите се прашуваат дали постапиле добро во некоја ситуација и дали можело да биде подобро и поразлично. Добрата вест е дека постојат техники кои можат да ви помогнат лошото однесување да го согледате во поинакво светло.

Пронајдете ја сржта на проблемот

Од каде тој гнев поради сината чинија? Тоа не се случува случајно, туку е мотивирано од нешто што суштински се наоѓа во вашето дете. Без разлика дали станува збор за неможност за контролирање на своите пренагласени чувства, желбата да го привлече вашето внимание или е игра на моќ со која ја нагласува својата волја – секогаш постои причина за секое однесување. Дури и ако детето не го разбира тоа, а најчесто е така.

Треба да се запомни дека однесувањето е само симптом. Предизвик за родителите е да разберат што се крие длабоко под сè.

Би било многу полесно за детето да може да каже: „Мамо, го сакам твоето внимание само за мене. Дали имашмалку време за мене вечерва? “Сите знаеме дека тоа е невозможно, затоа децата се обидуваат да го привлечат нашето внимание на други начини. Ако детето не го добие вниманието на својот родител, тој ќе најде начин да привлече какво било внимание, дури и негативно.

Замислете дека сте детектив. Кога детето ќе почне да се однесува на овој начин, размислете што би ви кажало кога би имало вербални способности и емоционална зрелост. Откако ќе го пронајдете јадрото на проблемот, можете да станете проактивен родител и да спречите воопшто и да се случат испади. На пример, замислете дека треба да остварите многу важен повик, а вашето дете одлучило дека токму тоа е вистинско време за борење. Додека се обидувате да оставите впечаток дека сте многу зафатени, му го упатувате на детето поглед „престани со ова“, но без успех. Одите од соба во соба за да најдете тивок агол, но детето ги следи вашите стапки. Кога ќе спуштите слушалка, се чувствувате како да сте истрчале осум километри.
А, детето само сакало да го привлече вашето внимание. Тоа знаело дека поради телефонскиот повик, не можете да реагирате како обично, па затоа било вистинското време за акција.

Користете го ова како лекција следниот пат проактивно да се подготвите. Околу 20 минути пред да започнете да се јавувате, најавете им го тоа и кажете им дека сакате пред тоа да им се посветите ним. За време на тие 20 минути, посветете им се целосно и кажете нешто како „Мама ужива да си игра со тебе и би сакала да продолжиме кога ќе завршам со разговорот“.

Кога ќе дојде време да се јавите, дајте им на децата избор „Дали сакате да гледате телевизија или да си играте тивко додека мама зборува?“ Исто така, оставете им парче хартија и пенкало да запишат или да нацртаат ако се случи нешто за кое сметаат дека е важно. Шансите се поголеми дека, ако им се посветите „однапред“, тие ќе се однесуваат подобро следниот пат.

Бидете доследни

Родителите знаат дека постојаноста е важна, но се случува плановите да се променат во последен момент. Затоа е важно поголемиот дел од времето да ги следиме воспоставените рутини. Ако е дел од вашата утринска рутина децата да си ги наместат креветите, да си ги измијат забите и да се облечат пред појадокот, почитувајте го тоа секој ден.

Дополнителен совет: Одржувајте го истиот распоред за време на викендите и празниците за да ја избегнете мрзеливоста што може да се појави во понеделник наутро.

Дали сте доследни кога станува збор за модерната технологија? За да бидете позитивен родител, важно е децата да ги знаат последиците од нивното непочитување. Ако децата одбијат или „заборават“ да ја исклучат видео играта кога ќе истече времето, секој пат треба да ги следите правилата и да се држите до претходно договорените последици. Кога родителите се доследни со правилата и последиците, децата ќе ги преминуваат границите многу поретко.

Кажете им НЕ на наградите

Родителите честопати се изненадуваат кога ќе слушнат дека не треба секогаш да ги наградуваат своите деца. Вистина е дека наградите честопати можат да направат повеќе штета отколку корист. Кога ги дисциплинирате децата, важно е да размислите за вашите долгорочни цели, а наградите нудат краткорочни профити.

Ако денес го наградите детето со чоколадо затоа што се однесувало убаво во продавницата, дали ќе очекува барем по една чоколадна табла за добро однесување секој нареден пат? Или ако поткупите пребирливо дете со сладолед откако ќе го изеде зеленчукот, тоа ќе помисли дека зеленчукот треба да се јаде само за да се добијат слатки.

Фокусирајте се на она што го контролирате – на себе

Овој чекор е најтежок, особено кога ќе ве понесе ситуацијата, но ако се сетите дека има причина за сè, тогаш можете да реагирате на адекватен начин. Постои ниво на емоционална слобода што родителите ја постигнуваат кога ќе сфатат дека не можат секогаш да ги контролираат своите деца, но можат да ги контролираат нивните реакции. Секако, некои родители можат да ги принудат своите деца да се однесуваат убаво со страв и казна, но тие постигнуваат краткорочни резултати, бидејќи секое дете ќе порасне и ќе има целосна контрола врз својот живот.

Затоа, наместо да се обидувате да доминирате над вашето дете или да го подмитите за да донесат добри одлуки, обидете се да ги гледате како мали луѓе кои не се научиле како да се однесуваат во одредени ситуации.

Еден од начините да ги контролирате своите одговори е да одлучите што сте подготвени да направите однапред. Ова функционира одлично ако сакате вашите деца да почнат да прават работи за кои се способни или да ги потсетувате, како што се ставање валкани алишта на перење, празнење на кутијата за ручек или собирање на играчките.

На пример, кажете им: „Сакам да ви правам ужинка за на училиште, сè додека ги оставате чисти кутиите за ужинка на полицата после училиште. Ако сè не е на место, сами ќе си ја подготвувате. „Потоа прашајте ги дали можеби сакаат да направат нешто за да се потсетат да ги донесат своите кутии (можеби ќе сакаат да направат некои знакчиња за да ги потсетат на оваа одговорност, бидејќи вие веќе не сакате). Потрудете се јасно да ги разберат новите правила и нивните последици.

Следниот чекор е да го следите развојот на ситуацијата. Не ги предупредувајте, бидејќи во тој случај тоа повторно станува ваш проблем. Ако кутијата е на место – одлично, ако не, ова ќе биде одлична можност за учење за следниот пат.

Кога проактивно подготвувате одговори на потенцијални ситуации, ќе бидете сè помалку принудени да реагирате во жарот на ситуацијата.

Дисциплинирајте, не казнувајте

Една од најголемите разлики помеѓу позитивните родителски техники и други методи на родителство е дека фокусот е насочен кон дисциплината, а не кон казнувањето. Со учење на нашите деца на соодветно однесување без казнување, срам и болка, ги обучуваме и ги поттикнуваме да бидат компетентни и способни млади возрасни лица.

Кога размислувате за одговорите на лошо однесување – исто како и со наградувањето – размислувајте долгорочно.

Родителството е една од најтешките задачи во животот на секоја личност, но ако сте подготвени да учите заедно со вашето дете, да ги слушате неговите потреби и да се прилагодувате едни на други, ќе бидете поуспешни и задоволни и ќе уживате во плодовите на својот труд.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]