Ако сте здрави, не значи дека сте плодни

Веројатно за зачнувањето и плодноста знаете помалку отколку што мислите. Еве неколку изненадувачки факти за плодноста

0
232

Кога станува збор за зголемување на плодноста, многу луѓе имаат многу да научат, вели Памела Мадсен, извршна директорка на Американското здружение за неплодност (АИА). Нејзината организација спровело истражување на оваа тема, а резултатите била зачудувачки: Само една од над 12.000 жени можела да одговори на 15 прашања за својот репродуктивен животен циклус.

Ова се неколку изненадувачки податоци за плодноста, пренесува порталот Parents.

1. Здравјето не е нужно знак дека вие или вашиот партнер сте плодни
Ако редовно вежбате, јадете здрава исхрана и имате завидно ниво на холестерол и крвен притисок, тоа не значи дека сте плодни.

Една од десет здрави двојки во репродуктивна возраст ќе имаат проблеми со плодноста. Причините се променливи и подеднакво им се припишуваат и на мажите и на жените, но исто така и на неидентификувани причини.

За жал, најголемиот фактор што влијае на плодноста е нешто што никој од нас не може да го контролира – возраста, вели лекарот и ендокринолог Сем Тачер, кој работи во Центарот за применета репродуктивна наука во Џонсон Сити, во Тенеси.

Здравите жени достигнуваат плодност во средината на 20-тите години, а таа почнува да опаѓа на 27-годишна возраст. Ако сте во триесет и повеќе години и се обидувате да забремените, ќе мора да работите понапорно, а тоа значи да сфатите кога имате овулација и да се обидете да забремените во оптимално време.

2. Вашата тежина влијае на вашата способност да забремените
Здравата тежина лесно може да ја „поправи“ неплодноста поврзана со тежината.

Тежината не само што влијае на плодноста, туку влијае и на бременоста. Жените кои остануваат бремени и имаат прекумерна тежина имаат поголем ризик од висок крвен притисок и дијабетес.

3. Сексуалната положба не влијае на вашите шанси за зачнување
Ниту едно истражување не потврдило дека една позиција е поефикасна од која било друга во постигнувањето на бременоста. Оптималната позиција варира затоа што телото на секоја жена е различно.

4. Биолошкиот часовник отчукува и за мажите
Истражувачи од универзитетите во Бристол и Брунел спровеле истражување на 8.500 двојки за да се утврди влијанието на возраста на мажот врз зачнувањето.

Откриле дека возраста на мажот многу влијае на зачнувањето. Осум проценти од мажите на возраст под 25 години не успеале да зачнат дете по една година обидување, а тој број се искачува на дури 15 проценти по 35-годишна возраст.

5. Денот на овулација не е нужно најдобриот ден да се обидете да зачнете дете
Многу е поважно да знаете кога имате плодни денови.

Студија на Националниот институт за наука за животната средина покажала дека способноста на жената да забремени завршува на денот на овулацијата, па затоа односот два дена пред овулацијата нуди најголема шанса за зачнување.

6. Специфична храна или исхрана немаат големо влијание врз плодноста
Не постои волшебна исхрана што ќе ја зголеми можноста за зачнување. Најдоброто нешто што можете да направите е да јадете храна богата со висок процент хранливи состојки и растителни влакна и да го намалите консумирањето на високо преработена храна.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]