Динамиката на растот и развојот на детскиот организам ја поставува исхраната. Здравата и балансирана храна подразбира консумирање биолошки вредни прехранбени производи кои можат да ги задоволат енергетските потреби на детето и секако, да обезбедат квалитативен и квантитативен внес на хранливи материи во организмот.
На децата им треба балансирана исхрана со сите видови храна – зеленчук и овошје, производи од цели зрна и протеинска храна. Односно, секојдневно детето треба да внесува комбинација од неколку житарки, различни видови зеленчук и овошје, протеини, растителни и животински и млеко и млечни производи.
Млекото е еден од клучните елементи кои треба да ги содржи детскиот оброк. Секојдневното консумирање млеко и млечни производи е важно затоа што содржат лесно искористлив калциум клучен за развојот на детето, за градење на коскената маса и за зацврстување на коските, а уште и неопходните и корисни протеини.
Токму заради доброто и достатното снабдување на младиот организам со сите витамини и минерали, дури и оние што децата тешко ги примаат, постојат млека чиј состав е збогатен со витамини и минерали, како Битолското млеко со 10 витамини. Составот на ова млеко е збогатени со десетте најнеопходни витамини, витамин А, витамини од спектарот Б, Б1, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9 и Б12, витамин Е и особено важниот во комбинација со калциумот, витаминот Д3, затоа што ја подобрува апсорпцијата на калциумот од млекото и неговата максимална искористеност. Витаминот А помага во развојот на видот, одржување добра кожа, како и го зајакнува организмот против инфекции. Витаминот Б6 помага за зајакнување на имунитетот, Б1 за цврсти мускули а Б3 за енергија.
Тоа е клучот за здрава и урамнотежена исхрана, бидејќи секој вид храна има единствена мешавина од хранливи материи – макронутриенти (јаглени хидрати, протеини и маснотии) и микроелементи (витамини и минерали), чија функција е и зајакнување на организмот за полесна одбрана од вируси, болести, настинки.
Покрај здравата и адекватна исхрана за децата, исто е важно уште од раното детство да се создадат здрави навики во исхраната посебно за консумирање, разновидна и избалансирана храна.