На Интернет со денови кружи фотографија што некои ги шокираше, додека други се прашуваат дали е реална. Имено, кога една жена седнала на шанк во кафуле да се напие нешто во друштво на еден маж, носилката за бебето, заедно со бебето внатре, го обесила на шанкерската столица.
„Таа го обеси детето на задниот дел од столот“, е описот на фотографијата.
Не е сосема јасно дали детето е вистинско или пак станува збор за кукла, но однесувањето на жената згрозило многумина.
„Детето може да се лизне и да падне“, „Јас тоа не го правам дури ни со чанта“, „Повеќе го почитувам својот ранец отколку оваа жена детето“, пишуваат некои луѓе, додека има и такви што го обвинуваат човекот.
„Дури и ако тој не е татко на тоа дете, тој е сведок на неприфатливо однесување“.
Фото: Reddit