Како да му ја кажете на детето вистината за Дедо Мраз?

Моето дете има шест години и полека станува сомничаво кога станува збор за Дедо Мраз. Прашањата следат едно по друго, и на мојот сопруг и на мене ни станува сè потешко да одговориме на нив, а таа да биде задоволна од одговорот. Затоа, барајќи го најдобриот начин да ја соочам со вистината за Дедо Мраз, наидов на една одлична идеја.

0
184
Фото: Pexels

Една мајка опишува како таа го решила ова во својот дом, со своите деца, како им ја открила вистината за Дедо Мраз на најдобриот и најинспиративниот можен начин.

Накусо, од тоа дека детето добива подароци од Дедо Мраз, се доаѓа до тоа дека најдобрите деца ја добиваат привилегијата самите да станат Дедо Мраз! На овој начин, целата магија за постоењето на Дедо Мраз не е мит што треба да се разбие, туку станува серија на добри дела што го зајакнуваат и прошируваат Божиќниот дух.

Кога детето ќе стане сомничаво, одете со него некаде на сок или во парк, на место каде што ќе можете да разговарате во мир. Кажете му нешто вакво: „Навистина порасна многу оваа година. Не само што си повисок, туку гледам дека и твоето срце е поголемо (посочете неколку добри дела што ги направило детето во текот на годината). Всушност, твоето срце е доволно големо сега што можеш и самиот да станеш Дедо Мраз.

Веројатно веќе сте забележале дека повеќето Дедо Мразовци што сте ги виделе се, всушност, луѓе облечени како Дедо Мраз. Можеби некој од твоите пријатели дури ти кажал дека Дедо Мраз не постои. Многу деца мислат така, затоа што сè уште не се подготвени самите да станат Дедо Мраз, но ти си подготен.
Кажи ми ги најдобрите работи што ги знаеш за Дедо Мраз. Што добива Дедо Мраз за својата работа (наведете го детето до одговорот – колачиња, чувство на исполнетост за стореното добро дело). Гледаш, сега си дефинитивно подготвен да станеш Дедо Мраз!“

(Тука е важно да се задржи сериозен, но конспиративен тон)

Потоа, заедно со детето изберете некој од блиската околина на кого детето ќе му биде Дедо Мраз. Мисијата на детето е да открие што таа личност сака од Дедо Мраз, да му го подготви, да го спакува, и скришум да го однесе, но такашто никогаш да не открива кој го донел подарокот. Да се ​​биде Дедо Мраз не е нешто што се прави за да се добие признание. Тоа е несебичен подарок, без да очекувате ништо за возврат.

Оваа мајка понатаму пишува дека нејзиниот најстар син, од сите луѓе во околината, избрал една џангризава сосетка која воопшто не сака деца и секогаш ги замолчува кога си играат покрај нејзиниот прозорец. Забележал дека таа често излегувала боса во дворот, па реши да ѝ купи влечки. Мораше малку да се вртка околу куќата за да види, барем приближно, кој број носи.

Купи влечки, ги спакува, остави порака „Среќен Божиќ! Од Дедо Мраз“ и го остави пакетот на врата рано наутро на Божиќ. Чекавме и гледавме од страна како таа го зема пакетот и го распакува зачудено влегувајќи дома. Кога следниот ден ја виде во дворот со влечките, тој беше толку среќен што морав неколку пати да го потсетам дека никој никогаш не смее да открие што направил, затоа што тогаш тоа нема да биде Дедо Мраз.

Со текот на годините, детето секогаш ќе избира некој друг на кој ќе му биде таен Дедо Мраз, а најдобро чувство е кога ќе дојде време да му кажете на другото дете за истото, а првото дете ќе ви помага во тоа и ќе ги води својот брат или сестра. Заедно, сите прават добри дела, правејќи некој друг среќен.

Дали има подобар доказ дека Дедо Мраз сè уште постои?

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]