Киднапирањето на децата е сѐ почеста тема. Официјалните податоци се застрашувачки (на секои две минути во ЕУ се пријавува исчезнување на дете, во Русија во просек исчезнуваат четири деца во текот на денот, а во Америка статистиката е уште полоша. Родителите се прашуваат како да спречат киднапирање? Обично не сакаме ниту да размислуваме за оваа многу непријатна и болна тема, таа обично не се ни дискутира (сè додека не се случи нешто). Сепак, пред вас е извадок од печатениот прирачник на државните тела, кој им е дистрибуиран на родителите во регионот Новосибирск далеку од нас. Препораките се универзални и не е лошо да ги прочитате.
Правило 1. Научи да кажеш НЕ!
Да се умее јасно и гласно да се каже „не“, да се разговара за своите проблеми со некој што навистина може да помогне – тоа се вештини од животна важност што треба да му се всадат на детето со цел да ги користи во секоја ситуација што ја загрозува неговата безбедност. Детето може да избегне неволји ако точно знае што да прави кога ќе се најде во опасна ситуација.
Правило 2. Не зборувај со странци
Криминалците често ја користат довербата на децата. Научете го вашето дете да не разговара со странци и да не ги прифаќа неговите понуди или покани (да погледне животно, да ја игра омилената игра, да оди во продавница за бонбони, сладолед, играчки, да оди со него кај мама, тато, баба). Објаснете му дека криминалците се преправаат дека се љубезни, нежни и сочувствителни.
Правило 3. Сети се што ти кажаа мама и тато
Научете го вашето дете како да препознае опасна ситуација и како да излезе од неа. За ова ќе стане збор подолу.
Прво: ве молам, разберете прво и најважно – педофил не зема дете за рака и не го одвлекува на сила на место кадешто нема луѓе. Во 99,9% од случаите, детето доброволно заминува со педофил, воодушевено од некоја примамлива понуда.
Второ: можете да закачите антени на детето од глава до пети, доколку е потребно, тоа нема да го спаси од злосторството (само ќе помогне да се најде виновникот). Сепак, можете да му објасните на детето во најразбирлива форма дека има некои злобни луѓе кои крадат деца.
Трето: НЕ, НИКОГАШ НЕМАЛО и НИКОГАШ НЕМА ДА ИМА поефикасни мерки отколку едноставно ИНФОРМИРАЊЕТО НА ДЕТЕТО за можната опасност. Нашите родители (сетете се на детството) го правеа токму тоа.
Објаснете му на детето детално една единствена работа: нормален возрасен човек НИШТО нема што да бара од дете затоа што на нормален возрасен човек НЕ МУ ТРЕБА НИШТО од дете. Ако „непознат чичко“ или „непозната тетка“ го покани детето да оди со него БЕЗ ОГЛЕД ЗОШТО и БЕЗ ОГЛЕД КАДЕ (ова вие кажете му го на детето) – тој „чичко“ или таа „тетка“ се 100% – КРАДЛИВЦИ НА ДЕЦА.
Киднапирањето на деца е сè поприсутна тема. Детето може да избегне проблеми ако точно знае што да прави кога ќе се најде во опасна ситуација.
Еве примери на дијалози осмислени од киднапери на деца:
Девојче, во кутијата има мачиња без мајка. Дојди да ти ги покажам, тие се многу слатки. Можеш да ги погалиш или да ги земеш ако сакаш.
Здраво, деца. Сакате да ви покажам слика од моето зајаче? Погледнете, тоа е вистинско зајаче. Дојди со мене, ќе ти дозволам да го држиш во раце.
Дали сакаш сладолед, момче? Имам полн фрижидер, моите внуци беа на гости, па мораа да заминат, но сладоледот ќе им се стопеше па не можеа да го земат. И сега не знам што да правам, жал ми е да го фрлам. Дали сакаш да ти го дадам тебе?
Еј, девојчиња (момчиња) – вика непознат човек од автомобилот – како да дојдам до таа и таа улица? Јас се вртам овде два часа и сите ми покажуваат со прстот накај да одам. Одам таму, а потоа ми покажуваат во друг правец. Како да се договориле да се шегуваат со мене. Девојче, качи се во колата и покажи ми ја улицата. Еве, ќе ти платам илјада денари. И ќе те вратам овде. Влези, не плаши се.
– Момче, како се викаш? – му се обраќа на детето странец од автомобил.
– Јас? Марко. Зошто?
– Конечно те најдов! Талкам наоколу неколку часа. Соседите на твоите родители ме замолија итно да те најдам и да те одведам во болница. Мајка ти не беше добро, таа е во болница. Влези во колата, да те одведам кај неа.
– Дали тато е веќе во болница? – Детето може да поставува разни прашања кои треба да ја прецизираат работата, но тоа не го прави од недоверба, туку механички.
– Марко, не знам. Не ги познавам твоите родители. Јас сум пријател на вашите соседи на петти кат. Чичко Петар и тетка Марија. Мора да ги знаете. Па, тие ме повикаа мене и другите луѓе да им помогнеме. Те бараме насекаде. Нема многу време. Влези во колата, ќе ти објаснам сè по пат.
Ефикасноста на последната техника се заснова на основните својства на човечката психологија – во стресна ситуација, едно лице не ја проценува ситуацијата правилно и не е во состојба да размислува логично.
Киднаперите можат да смислат многу варијанти на овие разговори, но на еден или друг начин, тие во основа секогаш ќе бидат маче и куче, животни, сладолед, брзи пари или „ги познавам твоите родители“.
Дајте му ги сите овие примери на вашето дете, објаснете му детално дека нема причина да паѓа на провокација.
Веднаш да се сврти, да се оддалечи од таа личност и да оди таму кадешто има луѓе.
Само со водење на овие детални разговори со детето, го намалувате ризикот вашето дете да биде киднапирано неколку десетици пати со сите последици што произлегуваат од тоа, што, сметаме, нема потреба да се опишува овде. Ние сме возрасни луѓе, сè ни е јасно.
Имајте на ум една работа. Во случај на деца на возраст под три години, генерално е подобро да се исклучи секоја можност за средба еден на еден со непознато лице. На оваа возраст, кај дете се формира базична доверба во луѓето, а опозицијата „добро-зло“ сè уште не постои.
На децата на возраст од 3-5 години може да им се зборува врз основа на бајка за тоа колку е опасно да се зборува со странци. Типичен пример е „Волкот и седумте јариња“.
Од 5-годишна возраст, децата веќе можат да прават разлика помеѓу круг на познаници и семејни пријатели. Познаници се колегите на мама и тато од работа, соседите. За детето, тие треба да бидат исто како странци – со нив не се оди никаде. За да му биде појасно на детето, наведете конкретни луѓе на кои детето може да им верува и со кои може да оди каде било. Тоа се баби и дедовци, тетки, чичковци, и други блиски роднини.
Исто така е корисно да му објасните на детето дека постојат различни луѓе во светот – и добри и лоши. И, понекогаш на прв поглед не е јасно каква личност е пред вас. Земете ликови од бајките како пример.
Ако некој странец им понуди слатки
На детето мора да му биде јасно: земањето подароци, слатки, сувенири од странци НЕ е дозволено! Исклучок е ситуацијата кога мајката е до него – во тој случај, детето мора да му каже на странецот дека прво ќе ја праша мајката дали може да го земе подарокот.
Ако странецот инсистира на подарок, детето треба да се сврти и да избега без образложение или да се сврти кон некој од минувачите и да побара помош. Тој треба да каже нешто како: „Извинете, дали можете да ми помогнете? Овој човек сака нешто од мене, но не разбирам што точно сака“.
За да му биде појасно на детето, вашите зборови можете да ги илустрирате со пример од бајка или лично искуство, но СО СРЕЌЕН КРАЈ.
Фото: Freepik