Купувањето божиќни подароци може да биде тешка задача. Додека некои деца фантазираат за најновите скапи играчки, други имаат список со голем број на играчки и за секоја од нив тврдат дека Дедо Мраз не смее да ја изостави од својот подарок.
За да ги спасат родителите од стресот да изберат што да им дадат на своите деца овој Божиќ, штедливите мајки го откриле правилото „четири подароци“ за кое тврдат дека им заштедува време, како и пари. Според нив, секое дете треба да добие четири подароци. Тоа е, нешто што тоа го сака, нешто што му треба, нешто што ќе го носи и нешто што ќе го прочита.
Откако овој совет започнал да се шири на социјалните мрежи, многу родители ја пофалиле идејата и рекле дека ќе ја испробаат за време на претстојните празници, а се огласиле и оние кои веќе ја практикуваат.
„Јас го правам тоа секоја година и секогаш заштедувам еден куп пари, како и време поминато на размислување што да купам!“ тврди една мајка.
Некои родители заклучиле дека ќе започнат да го применуваат истото правило и за родендените на нивните деца, пренесува The Sun.
Фото: Pexels