Милениумците раѓаат коронијалци

Како и претходните генерации, Бумери, Ген Х, Ген З, Милениумци, така и оваа најнова генерација бебиња родени во текот на пандемијата, добија свое име - коронијалци

0
311

После Boomers (родени помеѓу 1946 и 1964), Gen X (родени помеѓу 1965 и 1980), и Millennials (родени помеѓу 1981 и 1996), свое име добија и бебињата родени за време на пандемијата на коронавирусот.

Терминот „Милениумци“ стана популарен начин за упатување на двата сегмента на генерацијата Y. Имено, не сите Милениумци моментално се во иста фаза од животот. Додека сите Милениумци се родени околу крајот на векот, некои од нив се уште се во рана зрелост, се борат со нови кариери и се пронаоѓаат себеси, постарите Милениумци имаат дом и градат семејство. Можете да замислите како да се има дете може да ги промени вашите интереси и приоритети, па затоа за маркетинг цели, корисно било оваа генерација да се подели на два сегменти, на генерација Y.1 и генерација Y.2.

Името Генерација Z пак, се однесува на најмладите луѓе на планетата.

Новиот збор за најновите бебиња родени во текот на пандемијата со корона вирусот е наведен меѓу низа нови или поважни фрази земени од Речникот на Кембриџ.

Меѓу новите зборови се Локсталгија – кога со носталгија се гледа на првата национална блокада и Карантин – тинејџер за време на епидемијата.

Бебињата кои се родиле во ова време, според речникот, се нарекуваат Коронијалци.

Речникот на Кембриџ за збор на годината за 2020 година. го прогласи зборот „карантин“, откако тој доби ново значење за време на пандемијата на коронавирусот.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]