Завршувањето на триатлонот Ајронмен е сон на секој спортист. Исцрпувачкиот мулти-спортски настан започнува со пливање на 2,4 милји на отворено, проследено со возење велосипед од 112 милји и, конечно, трчање од 26,2 милји (маратонско растојание). Крис Никиќ неодамна го прославил својот успех, а неговата лична победа има дополнително значење; тој е првиот човек со Даунов синдром кој ја завршил оваа легендарна трка.
За Крис Никиќ, 21-годишник кој живее во Орландо, завршувањето на „Ајронмен“ било особено значајно заради пречките и предизвиците што тој морал да ги надмине. Како петмесечно бебе, имал операција на отворено срце. Исто така, имал сериозен проблем со одењето, што значи дека не одел самостојно до својата 4 година. Крис Никиќ се чувствувал изолирано во животот, но во спортот го нашол својот внатрешен мир. Кога бил тинејџер, започнал да се натпреварува, а во октомври 2019. година бил решен да аплицира за триатлонот „Ајронмен“.
Обука за која било трка на долги патеки бара повеќемесечна жртва и посветеност за градење брзина и издржливост, како и ментална подготовка за задачата што претстои. За да останат мотивирани, Крис Никиќ и неговиот татко Ник Никиќ ги поместиле границите и се труделе да постигнат успех во спортот.
Кога дошол денот на трката, Крис Никиќ и неговиот тренер Гриб тргнале низ бурните води на Мексиканскиот залив. Гриб бил врзан за Никиќ од безбедносни причини. Тие напредувале до велосипедскиот дел, кадешто Никиќ бил каснат од црвени мравки додека пиел вода од велосипедот, па нозете му отекле од каснувањето на инсектите. Неколку километри подоцна, го срушил велосипедот.
Но, сепак продолжил и стигнал до последниот дел од трката: маратонот. Тежок замор се појавил на околу 10 милји, но Никиќ одбил да се откаже. „За време на трката, во мојот ум се водеше битка помеѓу мојата болка и моите соништа. Моите соништа победија“, вели Крис. Тој ја заврши трката за 16 часа, 46 минути и 9 секунди.
Сега, кога Крис Никиќ го постигнал ова револуционерно достигнување, тој веќе го насочил своето внимание кон натпреварувањето на Специјалните олимписки игри во САД во 2022 година и собирање пари за добротворните организации, што му значат најмногу. „Ја постигнав својата цел и сега сакам да им помагам на другите како мене.
Фото: Инстаграм