Доктор Карп: Мислам дека знам што предизвикува аутизам!

Светски признатиот педијатар професор Харви Карп открива што би можело да биде причина за појава на аутизам кај децата и на кој начин родителите би можеле да го спречат развојот на ова пореметување.

0
745

После многу шпекулации за тоа дали вакцините предизвикуваат аутизам, научниците докажаа дека ваквите сомневања се засноваат на лажни податоци. Сепак, она што тие не го докажаа е што всушност го предизвикува ова нарушување, како и зошто бројот на деца со дијагностициран аутизам се зголемува секоја година.

На неодамнешниот настан, чија цел била подигнување на свеста за загадувачите во храната и животната средина, организиран од непрофитната организација „Здраво дете, здрав свет“, Харви Карп, угледен педијатар и автор на познатиот водич за родители „Најсреќното бебе“, зборувал за аутизмот, една од најголемите грижи на родителите ширум светот денес.

Еве што рекол тој:

„Нешто се смени, и сите многу пати сме слушнале за поврзаноста помеѓу вакцинацијата и аутизмот, како и за тоа дали е оправдано или не. Очигледно не е. Многу студии го потврдија ова.

Прашањето е – што се случува тогаш? Засега има две објаснувања. Едно од нив е тоа што аутизам се нарекуваат состојбите за кои во минатото немавме име. Но, едно е сигурно – нешто постоеше и порано, но половина од работите се целосно нови и не треба да се случуваат. Тогаш мора да се запрашаме зошто се случува тоа.

Една теорија е дека аутизмот предизвикува телото да биде изложено на одредени видови на хемикалии кои го нарушуваат ендокриниот систем (ЕДЦ, ендокрини нарушувачи). Излегува дека има неколку различни видови на овие хемикалии во пластифицираните производи. Слушнавте за Бисфенол-А (БПА), хемикалија што се користи за производство на пластика или пакување храна и пијалоци, а луѓето се најмногу изложени на тоа преку исхрана. Оваа хемикалија најпрво е направена како замена за женскиот хормон естроген, а потоа е откриено дека може да се користи во пластика. Имате фталати (супстанции што влегуваат во крвотокот и го имитираат женскиот хормон естроген, нарушувајќи ја хормоналната рамнотежа. Тие можат да предизвикаат телото да го намали или зголеми производството на одредени хормони), кои се составен дел од пластиката. Чудното нешто кај овие супстанции е што тие им кажуваат на клетките „правете го ова, не правете го ова“, а што може да се случи е овие хормонално активни хемикалии да стигнат до мозокот на бебето дури и пред раѓањето и да направат промени во развојот на мозокот.

Причината што мислам дека сето ова може да има врска со аутизмот е што овие хемикалии не влијаат подеднакво на девојчињата и на момчињата. Аутизмот е почест кај момчињата, четири пати повеќе. Ако ја продлабочевме приказната малку, можеби навистина ќе можевме да видиме дали оваа теорија е оправдана. Не го знам одговорот, но знам дека мора да го најдеме. Научниците постојано работат на тоа, но треба да се направат повеќе истражувања“.

Што е БПА и зошто „продира“ во мозокот на нашите деца?

Хемикалијата БПА или бисфенол А започна да се користи пред 120 години во производството на пластика, а подоцна стана составен дел од конзерви, пластични производи и детски шишиња.

Студиите од 2009 година утврдија дека овие хемикалии можат да имаат исклучително штетно влијание врз здравјето на луѓето, особено на децата, бидејќи покрај тоа што се наоѓаат во детски шишиња, тие се наоѓаат и во конзерви со храна за деца и млеко.

Ослободувањето на штетни хемикалии во храната за бебиња се должи на изложеноста на шишињата на високи температури.

Веќе од следната година, многу земји забранија употреба на оваа хемикалија во детски производи, но сепак се користи во некои земји. Исто така, според д-р Карп, БПС, како замена за БПА, може да биде подеднакво опасен. Најновите истражувања покажуваат дека БПС може да доведе до многу нарушувања во подоцнежниот живот, како и нарушувања на машкиот хормон.

Што можат да направат родителите?

BPS не е секогаш означен на производите и може да се најде на оние што не содржат BPA. Затоа, родителите би требало:

1. Да не користат конзерви кои имаат симбол на триаголник со седмица во средина или само седмица # 7.

2. Да користат што е можно повеќе свежи или замрзнати намирници. Конзервите за конзервирано овошје и зеленчук може да содржат BPA или BPS.

3. Користете силиконски садови за храна кои не содржат BPA и BPS.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]