Истражувањата на германските експерти покажуваат дека секое десето дете родено со царски рез во текот на првите неколку месеци од животот има многу почести респираторни проблеми отколку децата родени по природен пат.
Сериозни респираторни проблеми кои бараат приклучување на респиратор се пет пати почести кај децата родени со царски рез, откриле експертите од Здружението за пневмологија и респираторни проблеми во Верн, Германија.
Проблемот веројатно настанува поради недоволно зголемување на катеколамини (хормони на надбубрежните жлезди). Овој хормон на стрес се ослободува од мајчиното тело при нормално породување, поради болката што се јавува за време на породувањето.
Тоа гарантира дека до белите дробови на фетусот ќе допре помалку течност и истовремено произведува супстанца што ги проширува алвеолите на белите дробови. Истражувањата покажуваат дека царскиот рез кај бремени жени треба да се користи само кога е тоа медицински оправдано.
Фото: Pixabay