Дали сте слушнале за еко-анксиозност? Овој ирационален страв ги зафаќа и децата

Речиси секој ден слушаме вести за рекордни температури, топење на морски мразеви и глечери, тропски бури, загрозување на растенијата и животните и многу други настани што се случиле како резултат на климатските промени. За овие проблеми е важно да се зборува и со децата, но многу внимателно - да се будат позитивни емоции кон природата и секогаш да им се покажува дека не е сè толку црно.

0
106

Климатските промени и честите разговори за тоа колку всушност влијаат на квалитетот на животот на Земјата, доведоа и до пораст на нови ирационални стравови.

Никој не е имун на еко-анксиозност, а основата на стравот лежи во фактот дека решенија за растечките проблеми многу ретко се нудат. Децата се исто така подложни на овој вид на вознемиреност.

Живееме во време кога речиси секој ден можеме да слушаме вести за рекордни температури, топење на морски мразеви и глечери, тропски бури, загрозување на растенијата и животните и многу други настани што се случиле како резултат на климатските промени.

Поради бранот информации за временски катастрофи што нè преплавуваат од сите страни, луѓето почнуваат да замислуваат катастрофи кои сè уште не се случиле, а со кои не би можеле да се справат.

Ова создава чувство на постојан страв и грижа за преживување.

Заради негативните последици врз животната средина, овој вид на вознемиреност во последните години стана толку распространет кај луѓето, што му беше дадено и сопствено име – еко-анксиозност.

Факт што претставува посебен проблем е дека жртвите на овој вид на вознемиреност често се децата и младите.

Според психолозите, можно е ваква вознемиреност да се појавува во врска со феномени кои имаат негативни последици, како што се климатските промени, затоа што на луѓето им се кажува за овие појави, без да им биде понудено решение и начини на кои тие можат да помогнат во спречување или ублажување на негативните последици. Исто така, вознемиреност може да се појави поради мислењето дека нивното (потенцијално) про-еколошко однесување е незначително, бидејќи тие се само капка во океанот, бидејќи има над 7 милијарди луѓе.

Како и возрасните, и децата честопати слушаат за климатските промени – тие се споменуваат во филмови, книги, учат за нив на училиште и, врз основа на сè што ќе им се каже, развиваат одредени ставови и емоции.

Затоа е важно да се зборува за климатските промени многу внимателно во комуникацијата со децата, да се будат позитивни емоции кон природата и секогаш да им се покажува дека не е сè толку црно, туку дека решенија постојат.

Важно е децата, заедно со своите родители или старатели, да усвојат про-еколошки навики и позитивен пристап кон проблемот. Гледајќи како родителите / старателите му приоѓаат на проблемот со позитивна енергија и надеж, децата можат да учат од моделот и да прифатат таков пристап и однесување самостојно.

Проблемот за климатските промени, исто така, не треба да им се наметнува на малите деца како посебна тема, туку треба да се следат интересите на детето и соодветно да се презентираат позитивните обрасци на однесување и важноста за зачувување на животната средина.

Во денешно време, вакви теми се присутни насекаде и многу е веројатно дека во одреден момент децата ќе им поставуваат тешки прашања на своите родители за тоа што се случува.

Тогаш е важно возрасните да не ги проектираат своите грижи и стравови преку одговорите, но исто така и да се информираат и да се едуцираат за позитивните работи што се случуваат, што можат да им ги понудат на децата како одговор.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]