Мајката бара оштета од дадилката затоа што на децата вегетаријанци им дала пилешко

„Новото семејство ме замоли да се грижам за нивните две деца. Тие се навистина добро воспитани", напишала дадилката, истакнувајќи дека нивната мајка не ја предупредила дека имаат поинакви прехранбени навики.

0
123

Една дадилка поттикнала дебата на Редит откако на децата што ги чува им купила детско мени со играчка во добро познатиот синџир на брза храна. Имено, 19-годишната дадилка одлучила да ги награди деветгодишното момче и седумгодишното девојче за добро однесување. Но со тоа, ја налутила нивната мајка.

„Новото семејство ме замоли да се грижам за нивните две деца. Тие се навистина добро воспитани”, напишала Американката, истакнувајќи дека нивната мајка не ја предупредила дека имаат поинакви прехранбени навики.

„Кога ги прашав што би сакале како награда, тие ми рекоа Happy Meal со пилешки медалјони. Го купив тоа за нив“, додава дадилката.

Мајката се вратила порано од работа и ги видела децата како јадат месо.

„Претходно се грижев за деца вегетаријанци и ја почитувам нивната исхрана, дури и не јадев месо пред нив. Мајката на овие деца полуде, веднаш им го зеде месото од рацете. Почна да ми вика зошто сум им дозволила на децата да јадат мртви трупови. Таа ме избрка од куќата и не ми плати, а потоа ми испрати заканувачка порака во која бараше оштета за емоционалните повреди што им ги нанесов на нејзините деца. Ми бара 225 фунти по дете“, објаснила таа.

Како што вели, ѝ се заканила дека ќе заврши на суд доколку не плати, но дадилката вели дека мајката на децата не ја предупредила дека децата се вегетаријанци, па затоа не се смета себеси за виновна и нема намера да ѝ плаќа.

Луѓето веднаш почнале да го коментираат овој случај.

„Единствената личност што емотивно ги злоупотребува децата во оваа приказна е нивната мајка“, „Таа ти должи пари за чување деца, а на тебе останува да провериш дали децата имаат посебни навики пред да започнеш да ги чуваш“, „Требало да прашаш дали имаат алергии, а не само дали се хранат поинаку, тоа е твоја работа“, се некои од коментарите.

Што мислите вие, кој згрешил?

Мајката

Дадилката

Двете

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]