Празниците ќе бидат многу поразлични оваа година, а еве како да им го објасните ова на децата

Важно е родителите да ги разберат грижите на нивните деца и да им нагласат дека празниците нема да бидат вакви засекогаш.

0
216

Како и сè во оваа 2020. година, и Божиќните празници ќе бидат поинакви. Додека семејствата ги преиспитуваат традиционалните собири за да се обидат да обезбедат сигурни празници, ќе мора да разговараат со своите деца за промените што ги очекуваат. Но, разговорот можеби нема да биде толку тежок како што мислевте.

„Не претпоставувајте дека вашите деца се лути поради тоа само затоа што вие сте лути“, вели др. Дебора Гилбоа, експерт за родителство и еластичност во разговор за Today.

Покрај тоа, таа смета дека оваа чудна ситуација во која се наоѓа целиот свет „може да биде фантастична вест за некои деца“.

Затоа, таа препорачува разговорот да се започне со прашања.

„За почеток, прашајте наместо да претпоставувате“, советува таа.

Тогаш родителите ќе дознаат дали нивните деца потајно не го сакале традиционалниот семеен ручек или навистина ќе им недостасува тоа време поминато со потесното и поширокото семејство. Сето ова им дава шанса на семејствата да бидат креативни. Ако навистина им недостасуваат празниците со членовите на семејството, можеби би можеле да организирате „размена на храна“ или заеднички оброк на зум.

Анет Нунез, психотерапевтка со приватна пракса во Денвер, изјавила дека е импресионирана од духовитиот, забавен и безбеден начин на кој многу семејства пристапиле кон прославата на Ноќта на вештерките. Таа се надева дека луѓето ќе го пренесат тој дух и на други прослави, како што е Божиќ и смета дека ова е можност семејствата да создадат нови и поинакви навики.

„Направете список со неколку креативни начини на кои можете да ги прославите празниците: Дали ќе се прават колачиња секој петок навечер? Ќе се гледаат празнични ТВ-емисии додека јадете пица? Дали ќе направите празнични картички наместо да купувате подароци?” сугерира таа.

Додека зборуваме за сите овие начини на кои празниците и понатаму можат да бидат посебни, важно е родителите да им објаснат на децата зошто оваа година ќе биде различна, вклучувајќи ја и расправата за тоа како социјалното дистанцирање, носењето маски и семејните собири помагаат да се запре ширењето на КОВИД-19.

Таа исто така верува дека е важно родителите да ги разберат грижите на нивните деца и да им нагласат дека празниците нема да бидат вакви засекогаш.

„Ние сакаме да ги разубедиме“, рекла таа, „за да ги намалиме нивоата на анксиозност и стрес и да ги заштитиме“.

Посочува дека зборувањето за моменталната состојба им помага на децата да се подготват за други тешки предизвици и им помага да бидат поотпорни. Повеќето луѓе минуваат низ добри и лоши години во животот, а искрениот пристап кон децата им помага да научат да се справуваат со различните ситуации со кои се соочуваат.

Друга важна работа – ако сакате да украсите, направете го тоа веднаш.

„Кога луѓето ќе започнат да ставаат Божиќни украси, расположението се менува”, вели Нунез. „Многу луѓе веќе почнуваат да ги украсуваат своите куќи, па мислам дека во таа смисла ќе биде многу свечена година“.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]