Удирањето деца во Шкотска стана незаконско, социјалните мрежи се поделени

Шкотската влада го прогласи физичкото казнување на малолетниците за кривично дело.

0
77

Би-Би-Си јавува дека ова досега им било дозволено на родителите и старателите на децата под 16-годишна возраст, доколку се смета за „разумна казна“, но таканаречената „оправдана казна“ веќе не важи.

За физички напад врз деца се смета удирањето, шлаканиците, тресењето, фрлањето или туркањето на децата, како и гребењето, штипењето, гризењето, влечењето за коса, принудувањето на децата да престојуваат во неудобна или непријатна положба, задавањето изгореници или присилното туркање.

Законот бил донесен во Шкотска во јануари 2020. година, но дури сега стапил на сила.
„Овој закон јасно кажува дека физичкото казнување на децата повеќе не смее да биде дел од растењето во Шкотска и претставува значаен чекор во создавањето земја во која правата на децата навистина се признаваат, се почитуваат и се исполнуваат“, коментирала Џоана Бартлет, портпарол на Националното друштво за превенција на суровоста кон децата.

Но, социјалните мрежи овој закон ги поделил. Многумина лошо реагирале на она што го сметаат за непотребно мешање на државата во воспитувањето на децата.

„Како дете знаев да добијам ќотек од родителите, но не често. Целта беше секогаш да ме научи на разликата помеѓу доброто и злото. Како родителите сега ќе ги учат своите деца што е добро, а што не? Разговорот не може секогаш да функционира“, вели еден корисник на Твитер.
„Секогаш кога ќе добиев ќотек како дете, никогаш не се чувствував повреден. Тоа ме натера да ги почитувам родителите”, коментира друг.

„Добивав ќотек и тоа никогаш не ми наштети. Нема да дозволам ниту една влада да ми каже како да го воспитувам моето дете“, истакнува третиот.

Сепак, има и такви кои ја поддржуваат оваа мерка.

„Никогаш нема причина да се удри дете, но некои возрасни луѓе би имале корист“, „Родителите треба да ги воспитуваат своите деца така за да развијат кај нив чувство на почит, а не да стравуваат“, „Луѓето кои сметаат дека е во ред да удрат дете, треба да знаат дека е во ред и кога некој ќе ги удри нив“, се некои од ставовите.
Што мислите вие? Дали овој закон е чекор напред во однос на безбедноста и заштитата на децата или нема потреба да се донесуваат такви одлуки? Кажете ни во коментарите.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]