1. „На родителите им раскажавме рано за бременоста, но ги замоливме да не кажуваат никому. Се покажа дека свекрва ми го повикала целото пошироко семејство да им каже. Направивме новогодишни честитки во кои ја објавивме бременоста и сите ни кажаа дека го знаат тоа со недели“.
2. „Медицинската сестра го откри ова додека бев во Одделот за итни случаи, па всушност немав можност да му соопштам на мојот сопруг“.
3. „Кога бев шест недели бремена, мојата колешка го спомна тоа во просторијата за одмор, пред тројца менаџери. Бев запрепастена и молчев. За време на мојата бременост, постоеше голем ризик од спонтан абортус, па дефинитивно не бев подготвена на тоа шефовите да дознаат за неа. Непотребно е да се каже дека веќе не сум пријателка со таа девојка“.
4. „Еден колега го виде мојот сопруг и мене на преглед на гинеколог и им кажа на уште неколку наставници во нашето училиште дека сум бремена. Дознав кога решив да ја информирам директорката за сè во 13-та недела од бременоста, а таа рече дека веќе знаела”.
5. „Една колешка реши да објави слика од мене со трудничко стомаче на нејзиниот Фејсбук профил и всушност им ја откри на сите. Кога ја видов, толку многу луѓе веќе ја коментираа објавата, што беше предоцна да ѝ кажам да ја избрише”.
6. „Кога дознав дека сум бремена, возев до куќата на моите родители, кадешто приодот беше полн со автомобили. Кога влегов, сите членови на моето семејство беа таму. Татко ми имаше солзи во очите. Значи, им реков, јас сум бремена, а мајка ми рече: „Знаеме. Вашиот лекар ни рече по прегледот“. Бев многу лута! Мајка ми рече дека го сторил тоа затоа што сум била изложена на голем ризик, но тоа е кршење на правилата! “
7. „Мојата поранешна пријателка се опијани и им се јави на моите роднини среде ноќ за да им каже дека сум бремена и дека го мрази моето момче. Јас во тоа време бев во авион, на враќање од Европа. Сите од моето семејство го дознаа тоа од нејзините телефонски повици”.
8. „Мојот сопруг ја сподели веста со својата тетка, што ме изнервира бидејќи сè уште никому му немавме кажано, освен на родителите. Секако, таа им кажа на сите од поширокото семејство, такашто не успеав да ги споделам возбудливите вести, што беше големо разочарување. Тоа беше истата тетка која се обидуваше да го спои мојот сопруг со друга девојка кога веќе бевме свршени“.
9. „После неколку години обиди, конечно забременив. Мојот сопруг е најмал во неговото семејство, па неговата мајка беше воодушевена и го праша дали може да им каже на неговите браќа и сестри, што беше сосема во ред, сè додека подоцна тој ден не видов дека неговите најстарата сестра објавила сè на Фејсбук и го означила целото семејство. Го изгубивме тоа бебе поради вонматерична бременост и никогаш не се чувствував повеќе изложено“.
10. „Само на мајка ми ѝ реков дека сум бремена затоа што претходно имав доживеано абортус и не сакав да им кажувам на други луѓе сè додека не бидам сигурна дека сè е во ред. Па, се издрдорела пред многу луѓе без мое знаење. И тоа бебе го изгубив, но мојата мајка не ги информирала луѓето со кои веќе разговарала, па многумина ми честитаа на бременоста неколку недели по абортусот“.
Фото: Pexels