Логопедска онлајн конференција

На конференцијата која ќе се одржи на 10.декември може да земат учество родители на деца, воспитувачи, наставници, педагози, логопеди, дефектолози и сите заинтересирани лица.

0
359

Здружението „ИНТЕРАКЦИЈА ПЛУС“ – Скопје во соработка со Друштвото за логопедски услуги „Од А до Ш“ – Скопје и Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје, организираат Логопедска онлајн конференција на тема „Говорно-јазичните отстапувања на децата од предучилишна возраст“.

Во текот на конференцијата ќе стане збор за најчестите говорни отстапувања кои се среќаваат во детската возраст, за факторите и причините кои придонесуваат за развивање правилен и јасен говор кај децата, како и за тоа кои се причините кои може да доведат до задоцнето прозборување и одредени проблеми и потешкотии во говорот на децата.

На конференцијата ќе бидат споделувани искуства од практичната работа со децата, како и избор на методи кои се користат во логопедската и дефектолошката пракса со деца, како и совети и препораки за родителите и за тоа како можат да им помогнат на своите деца во поттикнувањето на говорно – јазичниот развој.

На конференцијата може да земат учество родители на деца, воспитувачи, наставници, педагози, логопеди, дефектолози и сите заинтересирани лица. Конференцијата ќе се одржи на 10 декември 2020 година (четврток) со почеток во 10 часот.

Котизацијата за учество на онлајн конференцијата е 600 денари.

За подетални информации обратете се во здружението Интеракција плус-Скопје.

Инаку, сите учесници на Логопедската онлајн конференција, по нејзиното завршување, ќе добијат сертификати од страна на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]