Дигитална деменција

Технологијата олеснува многу активности, што како скриена последица има „атрофија“ на мозокот: по доаѓањето на калкулаторот, многумина без него не умеат да множат; некогаш луѓето знаеја десетици телефонски броеви напамет, сега едвај два

0
163

09Познато е дека човечките мускули се прилагодуваат на активностите за кои ги користиме. Ако често ги користиме за некои повторливи активности за кои е потребна сила, мускулите растат – хипертрофираат. Ако не ги користиме долго време, тие атрофираат. На овој начин, нашиот мускулен систем се прилагодува на нашите активности.

Човечкиот мозок работи на многу сличен начин: оние дејства што ги повторуваме доведуваат до множење на бројот на врски (синапси) помеѓу нервните клетки во нервните патишта кои се користат за дадена активност. Кога не го повторуваме ова дејство подолго време, бројот на синапси се намалува. Со други зборови, мозокот се однесува како мускул: ако го користиме, невроните се поврзуваат подобро, а ако не го користиме, бројот на врски се намалува. Оваа способност на мозокот да заштеди при прилагодување на барањата се нарекува невропластичност.

Надворешна симулација

Постојат бројни вродени програми во мозокот на мало дете, но исто така и голем број на нервни клетки кои допрва треба да градат меѓусебни врски и да воспоставуваат нервни патишта. Кои нервни патишта во мозокот ќе бидат изградени, зависи од надворешната стимулација: она што е стимулирано се изградува и одржува, а што не е, не се изградува и се намалува. Бидејќи мозокот на бебето или мало дете е најмногу стимулиран од родителите, неговата организација не е резултат на природата, туку е „социјален мозок“.

Со напредокот на технологијата и последователното внесување на разни содржини преку дигиталните екрани во светот на децата, се појави прашањето како продолжената изложеност на дигитални содржини влијае на развојот на детскиот мозок. Во 2001. година, Марк Пренски разви теза за дигитални домородци и дигитални дојденци. Дојденци се оние родени пред 1985. година, чиј мозок се развил без присуство на дигитални екрани и кои започнале да користат дигитална технологија откако веќе им бил формиран мозокот. Дигиталните староседелци се оние кои се родени по таа година, така што тие растеле и еволуирале со дигиталните екрани. Неврологот Гери Смол напиша за некои негативни аспекти на растот со дигиталните екрани во книгата „Интернет мозок“. А за тоа какви негативни промени во генерацијата на млади беа предизвикани од појавата на „паметните“ телефони, документираше Џин Твенги во книгата „Интернет генерација“.

Суштината на целата приказна е дека технологијата олеснува многу активности, што како скриена последица има „атрофија“ на нашиот мозок. Земете го на пример калкулаторот. Пред него, луѓето многу подобро пресметуваа, користејќи молив и хартија. По доаѓањето на калкулаторот, многумина не можат да извршат основни математички операции како што се собирање или множење без него. Слично е и со меморираните телефонски броеви. Некогаш, луѓето знаеја десетици телефонски броеви на памет, а денес еден или два. Во тој правец е и новата фиозофија на подучување, која смета дека младите не треба да паметат податоци, туку само да знаат каде да ги бараат, доколку некогаш им затребаат.

На опасноста од атрофија на нашите мозоци затоа што сè повеќе ги делегираме своите ментални функции со разни дигитални помагала, предупреди неврологот Манфред Спајсер со својата книга наречена „Дигитална деменција“.

Спајсер зел за пример употреба на GPS уреди на мобилните телефони кои не навигираат до посакуваната дестинација. Ја внесувате посакуваната адреса и само го следите гласот од телефонот што ви кажува кога и каде треба да се свртите за да стигнете до вашата дестинација.

На мозокот му треба вежба

Во врска со ова, Спајсер цитира студија која се занимавала со снаоѓање во просторот. Лондон е мегалополис со над 25.000 улици, а оние кои сакаат да го положат испитот за таксист во Лондон мора да ги научат сите напамет, за што им требаат околу две години подготовка. Оние кои успеале во тоа, во споредба со оние кои не поминале на испит и возачите на автобуси, имале 50% зголемена структура во мозокот наречена хипокампус, која е одговорна за меморијата и ориентацијата во просторот. Ова е потврда на идејата дека мозокот е „мускул“ и дека расте, доколку вежбаме.

Прекумерното потпирање на дигитални помагала не само што го атрофира нашиот мозок, туку ги намалува и нашите ментални способности. Неколку студии покажаа дека колективниот количник на интелигенција се намалува во последните децении, што значи дека луѓето беа поинтелигентни од нас пред педесет години.

Бидејќи верува дека делумно атрофираниот мозок побрзо се распаѓа на старост, Спајсер верува дека околу 2050 година ќе има двојно повеќе деменции отколку денес.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]