Во организација на здружението за културна мотивација „Култиватор“ од Скопје во соработка со театарот Арт Вени Види, денеска (понеделник, 02 ноември) од 18 часот и во среда (04 ноември) од 9 часот, ќе се случат две стрим изведби на детската претстава со наслов „Малото пајче и глувчицата“ за учениците од пониските класови во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Браќа Рамиз-Хамид“, и двете од Скопје.
Актерската екипа ја сочинуваат: Елизабета Клинчаревска Младеновска-Ели, Симон Манасковски, Душица Стојановска Настевска, Викторија Анѓушева и Ѓорги Тодоровски-Трупче. Режијата и драматизацијата се на Викторија Анѓушева.
Изведбите ќе имаат и интерактивен карактер со самите ученици, а комуникацијата ќе се одвива преку ЗУМ апликацијата, паралелно со лајв стримот. Проектот е дел од кампањата „Од Центар кон периферија“ и истиот е поддржан од страна на Град Скопје.