Иако многу фактори влијаат на можноста да се остварите во родителската улога, здравиот начин на живот и правилната исхрана секако се едни од најважните. Погледнете кои намирници можат да го подобрат вашето здравје, а особено благотворно влијаат на плодноста.
Авокадо
Ова овошје содржи многу незаситени масти, што може да ја зголеми плодноста. Имено, едно истражување покажало дека жените чија исхрана била богата со овие масти и биле вклучени во програмата за ин витро оплодување, имале трипати поголем успех во обидот да забременат.
Семе од сончоглед
Препуштете се на уживањето во овие грицки најмалку три пати неделно. Богати се со цинк, а помагаат и во одржување на рамнотежата на репродуктивните хормони и позитивно влијаат на квалитетот на јајните клетки.
Цимет
Овој ароматичен зачин има можност да го намали инсулинот и да ја зголеми можноста за зачнување во плодни денови.
Јајца
Подгответе поширани или меко варени јајца. Жолчките од јајца кои не се тврди, содржат повеќе витамини Д и Б6, кои се одговорни за зголемената секреција на прогестерон, хормон кој игра важна улога во зачнувањето.
Хељда
Семето од хељда е богато со материи што го намалуваат нивото на инсулин и тестостерон кај жените, а со тоа ја зголемуваат можноста за зачнување во моментот на овулацијата.