Еве што не треба да прават родителите ако не сакаат да го запрат процесот на развој на креативно размислување кај децата.
- Кога детето си игра, се случува да мислиме дека играта е бескорисна или дури – лоша (ако во неа гледаме агресија). Но, оставете го тогаш детето. Не го прашувајте што прави. Не се мешајте! Во играта, детето го развива слободното размислување – поврзува, заклучува, резонира.
- Кога детето црта, ваја, создава, не прашувајте го што прави, освен ако тоа самото не ви каже, не мешајте се со совети и обиди да му помогнете. Развојот на неговите мисловни процеси е поважен од видливите резултати.
- Не обидувајте се да го натерате детето да размисли, за да го одведете на пат што ви изгледа логичен во таа игра. Детето само ќе размисли – без ничија помош. Дозволете му да го истражува светот на свој начин, а не на ваш.
- Детето самостојно нека направи нови откритија врз основа на она што го видел, слушнал, почувствувал. Не смееме да му наметнуваме заклучоци. Растејќи, тој ќе го поправи само она што не го заклучил правилно претходно.
- Не коментирајте за сè што се случува околу вас, детето гледа сè. Дајте му можност само да види, чуе, разбере, да научи да заклучува врз основа на она што самиот го слушнал, видел, почувствувал, наместо вашите заклучоци да бидат и негови.
- Ако вашето дете ве праша нешто кадешто треба да го кажете својот заклучок, обидете се да го ставите детето во ситуација да може да донесе заклучок само, врз основа на вашите информации. Не му сервирајте готови одговори.
Развојот на креативно размислување кај детето не се постигнува со наметнување на вашите идеи и заклучоци или такашто ќе го водите кон нив. До вас е да му дадете точни информации на детето, а останува на него да донесе свој заклучок. И, ако тој заклучок не е во согласност со вашиот, не обидувајте се да ја донесете ‘водата на вашата воденица’. Насмевнете се и кажете „Мило ми е што имаш свое мислење за ова“.
Фото: Freepik