Кога ќе станете родител, менувањето на пелена станува ваша дневна рутина. Родителите стануваат вистински професионалци кои можат да се прилагодат во сите услови; влажните марамчиња и непријатните мириси за нив не се ништо.
Понекогаш луѓето околу нив не сакаат да учествуваат во процесот и се чувствуваат вознемирено. Непозната жена на порталот Netmums, која напишала дека не е родител и не сака деца, го опишала викендот кога кај неа дошла пријателка со мало дете.
Секако, мајката ги сменила пелените на своето 19-месечно бебе во нејзината дневна соба. „Пријателката не го прекина разговорот, туку ја извади подлогата за бебето и некои други работи, ги положи на тепихот и одеднаш фекалиите беа во мојата дневна соба“, напишала таа на почетокот на писмото.
Таа објаснила дека првично се збунила со настанот и се обидела да не покаже гадење „од составот на пелената и непријатниот мирис“.
„Јас го поддржувам доењето во јавност и други работи и немам аргументи против тоа. Зошто некој би го јадел својот ручек во тоалет? Но, ако размислуваме така, зошто е тогаш прифатливо да ја смените пелената во дневната соба наместо да одите во добро опремено купатило или дури и во некоја друга просторија во која не пиеме чај“, објаснила понатаму.
Без барање одобрение од домаќинот
Таа сака да знае дали е неразумно што не сака такво однесување во нејзината куќа. Секако дека луѓето реагирале кога таа ја отворила оваа тема на порталот за родители. Некои изразиле поддршка и рекле дека никогаш нема да сменат пелена без да бараат одобрение од домаќинот.
„Како мајка, никогаш не би сменила пелена без да ги прашам за тоа домаќините, некои пријатели велат дека можам слободно да ја сменам пелената, а други ме упатуваат на место кадешто можам да го сторам тоа“, напишала една мајка во коментарите. „Значи, не ви замерувам што не сте задоволни затоа што некој ги менува валканите пелени во вашата дневна соба“, напишала таа понатаму.
„Не мислам дека е особено убаво кога некој ќе ја смени смрдливата пелена на бебето во истата просторија кадешто седите, јадете и пиете чај (дури и ако тоа го прават во нивната куќа). Мирисот може да застои, па затоа е пристојно да се праша дали може да се направи ова на друго место”, е само уште еден од сличните коментари.
„Во туѓа куќа, особено ако некој нема мали деца и не сум ги видела многу долго време, сигурно ќе прашав каде можам да му ја сменам пелената кај детето. Тоа е само учтивост”, го објаснува својот став друго лице.
Како и на секоја дебата, многумина сметаа дека нејзината реакција е претерана и дека нема потреба да се прави толку „врева“ за тоа. „Замената на пелени е нешто што го правиш без никакво размислување“, напишал еден читател. Некои изјавиле дека има луѓе кои се особено чувствителни и им е многу тешко во такви ситуации.
„Иако тоа не е нешто што би го направила во куќата на пријателка, не мислам дека е толку голема работа. Бевте толку вознемирени што решивте да напишете многу долго писмо неколку часа после тоа. Тоа е менување на пелена на бебе, дали е навистина тоа толку навредливо?“, е друг коментар.
„Добро, јас сум груба пријателка која штотуку ја смени пелената на бебето. Никогаш не помислив дека тоа може да биде толку навредливо. Дали некој би сакал да седи во своето СР*** подолго од потребното”, прашала една мајка во коментарите. Што мислите вие?
Фото: Pixabay