Жена се породила додека спиела?!

Иако сите се плашат од првото породување, тоа не мора да биде секогаш трауматично искуство. Но дали ви се верува дека некој може да се породи и спиејќи?

0
164

Повеќето жени се плашат од првото породување. Ова било случај и со Лора Томпсон од Тексас, која била примена во болница на 9 октомври заради индуцирано породување. Таа пристигнала околу 6 часот наутро и примила епидурална анестезија околу пладне, но ништо не се случувало, раскажала таа за Yahoo News Australia.

До 21 часот, била отворена шест сантиметри и го изгубила чувството во левата нога. Лекарите ги советувале неа и нејзиниот сопруг да отспијат малку додека не започне породувањето. Двојката заспала околу 22 часот, но набрзо ги разбудила медицинска сестра која влегла во собата за да провери дали има некаков напредок.

„Таа ме разбуди, го помести чаршафот и извика: „Бебе во креветот! и ги повика лекарите“, вели Томпсон.

Додека на кратко заспала, таа го родила синот Џонс. Тој пристигнал брзо и тивко на нејзината лева нога, па таа воопшто не го почувствувала.

„Искрено не мислев дека е тоа возможно. Почнав да се смеам кога го видов. Неверојатен момент”, додала таа.

Новото семејство брзо се опоравило и велат дека за нив оваа 2020 година воопшто не се покажала толку лоша.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]