Детските градинки не се извор на зараза со коронавирус, открива голема студија

Ново истражување на универзитетот Јеил открило дека детските градинки не се поврзани со ширењето на заразата со коронавирус доколку се следат овие безбедносни насоки

0
146

За целите на студијата објавена во списанието „Pediatrics“, спроведено е истражување на 57.000 градинки во сите 50 држави во Америка, вклучувајќи го и Вашингтон Д.Ц. и Порторико.

Потоа ги споредиле информациите за градинките што се затвориле откако вработените се заразиле со информациите за детските градинки кои биле дезинфицирани и продолжиле да работат.

Истражувачите не откриле разлика во резултатите, што укажува на тоа дека не постои поголем ризик од ширење на ковид-19 кога градинките остануваат отворени, под претпоставка дека ги следат пропишаните безбедносни процедури.

Откритието направено со ова истражување е добредојдена вест за воспитувачите и секој што се грижи за деца.

„Досега не беше можно да се процени дали континуираното работење на градинката ќе ги доведе вработените во поголем ризик од инфекција со ковид-19. Оваа студија вели дека сè додека има силни мерки за спречување на заразата, грижата за малите деца не го зголемува тој ризик“, вели главниот автор на студијата Валтер Гилијам.

Иако студијата е оптимистичка кога станува збор за градинките, Гилијам посочува дека не мора да значи дека ова откритие важи и за училиштата.

„Возрасните кои работат со доенчиња и деца од предучилишна возраст обично се грижат за мала група деца и остануваат со нив цел ден. Има стотици луѓе во зградите во основните и средните училишта и тие обично се селат од час на час. Тоа ги прави различни од градинките“, додава тој.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]