Гинеколозите се цврсти во ставот дека идните мајки мора да ги почитуваат рестриктивните мерки и да носат маски пред и за време на породувањето, а оние што не ги почитуваат правилата, „можат да се пораѓаат сами“, пишува Дејли Меил.
Со оглед на тоа што маските ги тераат на повраќање и имаат потешкотии при дишењето, идните мајки го искажале својот гнев. Како што е наведено, оваа практика не е вообичаена во САД и Велика Британија.
Критичарите во Франција го поддржуваат протестот на бремените жени, бидејќи маските ги изложуваат на дополнителен стрес и ги прават премногу слаби за време на породувањето. Тие советуваат бремените жени да носат респираторни маски, кои овозможуваат нормален проток на кислород до оној што ги носи, истовремено штитејќи ја животната средина од потенцијална инфекција со коронавирус.
Една мајка, која носела маска за време на породувањето, рекла дека штом почнала да се напрега, сфатила дека нема да биде изводливо и инстинктивно ја извадила маската за да дише нормално.
„Лекарите веднаш ми рекоа дека морам да носам маска затоа што е таков протоколот. Ја вратив маската, но имав чувство дека ќе се задушам. Бев многу жешка, се потев под маската. Во еден момент, сопругот ми ја извади маската затоа што виде дека сум во сериозна состојба, но тие го избркаа поради тоа. На крајот, гинекологот користеше пинцети, а мојот син се роди со течност во белите дробови, поради што беше пренесен на оддел за новороденчиња во друга болница”, раскажала таа за Дејли Меил.
Што мислите вие за ова?
Фото: Unsplash