На жените со висок холестерол им треба повеќе време за да забременат, а уште потешко ќе се зачне доколку партнерот го има истиот здравствен проблем. Познато е дека е ова лошо за срцето, но високиот холестерол може да биде одговорен и за намалена плодност кај двојките.
Студијата покажала дека на жените со високо ниво на маснотии во крвта им треба подолго време за да забременат од оние чии вредности биле нормални. Ако и двајцата партнери имаат високи вредности, ќе треба уште повеќе време.
Научниците од институцијата за здравствени истражувања на американската влада советуваат оние што сакаат да создадат семејство, прво да направат тест за нивото на холестерол.
Истражувањето ја следело судбината на 401 двојка кои сакале да станат родители. Ниту една двојка не знаела дека имаат проблем со плодноста и сите жени биле на возраст од 18 до 44 години. После една година, 347 жени останале бремени, додека 54 не.
Примероците од крв земени на почетокот на студијата покажале јасна врска помеѓу високиот холестерол и плодноста.
„Одамна знаеме дека високиот холестерол го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Од нашите податоци се чини дека високото ниво на холестерол не само што го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, туку исто така може да ги намали шансите на двојката да зачне дете“, вели др. Енрике Шистерман.
Фото: Pexels