Како можеме да разговараме со децата без притоа да ги омаловажуваме, да ги „гњавиме“, да ги обесхрабруваме? Рускиот психолог Михаил Лабковски составил табела со секојдневни примери на неправилна и правилна комуникација. Со обраќање без навреди и ‘попување’, без нагласување на лошото, туку со усмерување на добро, децата полесно ќе ве послушаат, порачува Лабковски.
НЕПРАВИЛНО ПРАВИЛНО
Не оди во барата! Заобиколи ја барата.
Не викај! Зборувај потивко, те молам.
Не јади толку брзо, ќе се удавиш. Полека џвакај ја храната.
Тргни веќе, колку ќе те чекам?! Време е да тргнеме, поздрави се.
Ќе паднеш! Биди повнимателен/а.
Немој после да ми плачеш! Размисли за последиците.
Ќе се лизнеш! Пази каде стапнуваш
Ќе накиснеш! Земи си чадор, облечи гумени чизми.
Да не си глув, слушаш што ти зборувам? Те молам слушај што ќе ти кажам сега
Слеп ли си? Обрни внимание на ова.
Како не ти е срам?! Твојата постапка многу ме растажи.
Кој ти дозволи да зборуваш така? Во нашето семејство не се зборува така
Убаво ти кажував! Извлечи поука и не ја повторувај грешката
Нема шанси да успееш. Пробај. Ако не пробаш, нема да знаеш.
Фото: Freepik