Некои деца не се делат од кадифено мече, некои – од скелет?!

Малото момченце Тео има необично пријателче од кое не се одделува и без разлика дали оди со неговата мајка Аби во продавница или во парк, скелетот Бени мора да оди со нив.

0
96

Двегодишниот Тео одбива да оди каде било без неговиот нов пријател Бени. Станува збор за скелет кој момчето го нашло во подрумот на куќата. Мајката објавува видеа од ова неразделно пријателување, но не објаснува од каде се нашол овој скелет таму. Веројатно од некој поранешен студент по медицина. Но важно е тоа што ова мало момченце повеќе не се одделува од скелетот без разлика дали оди со неговата мајка Аби во продавница или во парк, Бени мора да оди со нив.

„Добро, ќе го однесеме скелетот до автомобилот, тоа не е проблем“, вели неговата мајка на видеото што го објави на социјалните мрежи.

Кога пристигнале на нивната дестинација, Тео не сакал да го остави скелетот во автомобилот, па тој им се придружил на плажа, но и на шопинг.

When it’s still September but you’re Halloween ready….💀🎃🤣🎥: @abigailkbrady

Shoes That Fit 发布于 2020年9月26日周六

Аби вели дека се надева дека луѓето ќе ги расположи необичното пријателство помеѓу нејзиниот син и скелетот.

„Оваа 2020 година е толку луда година. Мојата најголема надеж е дека луѓето ќе се смеат. Убаво е да се види како се развива имагинацијата на Тео”, објаснила Аби.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]