Како да разликувате сезонски грип од коронавирус кај децата?

Еден симптом е главен показател за што станува збор.„Децата кои од симптоми имаат само течење на носот апсолутно немаат корона вирус”, тврди британски врвен експерт.

0
283

Професорот Тим ​​Спектор од Кралскиот колеџ во Лондон им објаснил на родителите како да ги разликуваат симптомите на сезонскиот од корона вирусот. Меѓу другото, тој вели дека „течењето на носот, кивањето и затнатиот нос“ укажуваат на тоа дека детето сигурно нема корона вирус, туку само настинка.
Професорот Спектор, кој ја направи апликацијата Coronavirus Symptom Study, стои зад истражувањето за најчестите симптоми на коронавирус кај училишните деца. Според неговите резултати, најчести симптоми се замор (кај 55% од неговите испитаници), главоболки (55%) и температура (49%).

Кај возрасните, фреквенцијата на симптомите е по овој редослед: Замор (87 проценти), главоболка (72 проценти), губење на чувството за мирис (60 проценти). Ниту возрасните, ниту децата заразени со вирусот корона во симптомите немале течење на носот, вели овој експерт.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]