Млада наставничка воодушевила многумина со видеата за нејзините онлајн часови

Дваесет и четиригодишната Мекензи Адамс станала вистински хит со своите видеа кои ги објавува на ТикТок, а во кои открива како комуницира со своите ученици на онлајн часовите

0
430

Да ги воодушевите децата со виртуелно учење не е лесно, но дваесет и четиригодишната наставничка Мекензи Адамс го прави тоа како од шега.

Нејзините објави на ТикТок станаа вирални откако откри како комуницира со своите ученици. За време на краткиот клип објавен од оваа наставничка во Вашингтон, таа со ентузијазам го охрабрува својот клас да учествува на часовите исто како што би учествувале за време на редовните предавања.

Симпатичната 24-годишна девојка успеала да ги освои срцата на корисниците на социјалната мрежа со својата специфична анимација и пристап кон виртуелното учење, па нејзиното видео собрало импресивни 10 милиони прегледи и 2 милиони лајкови.

Во интервју за Today, на прашањето како ја одржува енергијата за време на училишниот ден, кој го одработува на далечина, Адамс одговорила со насмевка и истакнала дека децата ѝ ја даваат потребната енергија.

„Кога ги гледам како се смеат, ме поттикнува да им направам шоу за да бидам сигурна дека ќе се забавуваат, ќе се ангажираат и ќе учат“, рекла таа.

Иако признава дека новиот начин на учење на децата е голем предизвик, таа истакнува дека нејзините ученици и натаму успеваат да научат сè.

„Тоа е сосема нов свет во кој се преселило сè од училницата“, вели таа.

Сепак, таа исто така вели дека сега ѝ е малку полесно отколку минатата пролет кога училиштата требаше брзо да се свртат кон учење на далечина.

Адамс исто така вели дека кога го снимала своето видео, немала намера тоа да стане толку вирално.

„Искрено, само сакав да видам како изгледам додека предавам, тоа требаше да биде алатка за размислување. Сакав да видам дали сум доволно енергична за нив и дали сум доволно ангажирана”, истакнала таа.

Што мислите вие за оваа млада наставничка.

Фото: ТикТок/Скриншот

[better-ads type='banner' banner='999' ]