Одлична можност за младите луѓе, младите родители, мајки и татковци со бизнис идеи

Здружението „АРНО“ апелира до сите млади на возраст од 18 до 35 години, особено, младите родители или самохрани мајки и татковци, но и сите други млади со идеја која нуди решение за некаков општествен или еколошки предизвик, да аплицираат за програмата RISE. Конкурсот е отворен до 27. септември. Има примери кои покажуваат дека добрата идеја успева, дури и тука

0
230

Здружението за социјални иновации „АРНО“ апелира до сите млади кои имаат желба да ги развијат своите бизнис идеи со кои се нуди решение за некаков општествен или еколошки предизвик да аплицираат за програмата RISE која е во тек.

Повикот е наменет за млади на возраст од 18 до 35 години и е отворен до 27-ми септември. Сите информации за апликацијата можат да се најдат на овој линк

Проектот RISE се спроведува во регионот на Западен Балкан со цел да им понуди на младите луѓе програма преку  која тие ќе ги развијат своите идеи, почнувајќи од нула.  Програмата, освен менторска и експертска поддршка нуди и мотивација, инспиративни приказни, дружење и регионални вмрежувања.  На крајот од првата фаза на идеација, 2 избрани тима од секоја земја ќе добијат финансиска и експертска поддршка за понатамошен развој на зелениот/социјалниот бизнис.

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

„Нашата земја има прекрасни примери на млади луѓе кои не се само претприемачи ориентирани кон профит, туку се млади кои преку своите бизниси прават добро за земјата и заедниците. Го имаме примерот на еко-магионичарот Кристиан Шопов кој преку своето еко социјално претпријатија едуцираше еден куп млади дека пластиката не може „магично да исчезне“, го имаме примерот на тимот на Challenger кој завчера, за само 24 часа успеа да дојде до 500 корисници кои ја користат нивната мобилна апликација и се мотивираат да пешачат и да возат велосипед. Имаме креативни млади, ги каниме да аплицираат и да се впуштат во патешествието RISE Journey. Веруваме дека нема да биде лесно, ама ветуваме дека ќе биде забавно“, порачува Ирина Јаневска од АРНО.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]