Оваа фотографија совршено го опишува образованието во 2020 година

Ако и вие се соочувате со оваа слика во вашиот дом, поработете на рутината и будете ги вашите деца наутро порано, затоа што дури и да продолжат со онлајн настава, ќе треба да почнат да стануваат на време

0
413

Откако децата беа дома неколку месеци поради пандемијата na „Kовид-19“ што ги затвори училиштата, започна новата учебна година. Многу деца сè уште не се седнати во училишните клупи, а некои нема ни да седнат, туку ќе продолжат со онлајн настава.

Ова е случај и во семејството на Американката Џули Бартон, чии ќерки Ема и Кејт започнале со 6-то и 9-то одделение. Оваа мајка ги фотографирала своите ќерки како спијат во своите кревети и напишала „Првиот училишен ден во 2020 година“ и насмеала многу родители.

Многумина признале дека се соочуваат со истата ситуација бидејќи им е тешко да им објаснат на децата дека мораат да станат на време и да се подготват за виртуелните часови.
The Conversation пишува дека емоциите на децата се измешани кога станува збор за враќање на училиште по долго време. Иако се возбудени што ќе ги сретнат своите другарчиња, тие се и вознемирени, а некои и исплашени.

За да им помогнете на децата со оваа голема промена во нивните животи, разговарајте со нив и запознајте ги со мерките и правилата на однесување што ќе ги дочекаат по враќањето на училиште. Поработете на рутината и разбудете ги порано за да можат и да заспијат порано навечер.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]