Кои се жените кои раѓањето на децата воопшто не ги боли?

Ова е толку неверојатно, што многумина не ни веруваат дека е возможно. Верувајте, можно е. Тие носат во себе природна 'епидурална'

0
800

Безболно породување е нешто во што жените не веруваат. Јас верувам бидејќи се сеќавам дека кога се пораѓав, единствените болки за кои не бев ниту сигурна дека се болки беа, слаби грчеви слични на менструалните, а се породив за 5 минути, уште пред да станам свесна дека породувањето започнало. Дури и мислев дека ме зафркаваат кога ми рекоа дека треба само малку да стиснам затоа што глават на бебето веќе бил на излезот. Се сеќавам и дека ме штипкаа за да добијам болки и чудно ме гледаа.

Она што ме болеше беше шиењето. Како и да е, никој потоа не ми веруваше и жените обично ме гледаа со сомнеж кога јас ќе ја раскажев својата приказна за породувањето, толку различна од сите други, главно болни и долги.

Но ете, првпат наидов на текст посветен на жените кои не ги боли кога ги раѓаат своите деца. И незнам дали и кај мене станува збор за ретка генетска варијанта која произлегува од ‘маана’ во формирањето на сигнали за болка на нервните клетки. Наводно, овие жени (можеби и јас) имаат редок ген поради кои тие нема да искусат болки.

Имено, научниците од Универзитетот во Кембриџ откриле ретка варијанта на генот KCNG4 што е поврзан со поголема толеранција на болка и го нарекуваат „природна епидурална“, пишува The Sun. Експертите веруваат дека нивните откритија можат да го отворат патот за развој на нови лекови против болки.
Се смета дека отприлика секоја стота жена го носи овој ген, за кој научниците мислат дека ја намалува способноста на нервните клетки да испраќаат сигнал за болка до мозокот.

„Генетската варијанта што ја најдовме кај жените кои чувствуваат помалку болка за време на породувањето, произлегува од ‘маана’ во формирањето сигнали на нервните клетки. Всушност, овој ‘недостаток’ делува како природна епидурална. Ова значи дека на овие жени им треба многу посилен сигнал, односно посилни трудови за време на породувањето. Затоа е помалку веројатно дека сигналите за болка ќе стасаат до мозокот“, објаснил коавторот на студијата, др. Еван Сент Џон Смит од Универзитетскиот оддел за фармакологија.

Праг на болка

Истражувачите проучувале група жени кои го родиле своето прво дете со вагинално породување без компликации и не барале лекови против болки. Тестовите покажале дека тие покажуваат поголема толеранција на студ, топлина и механички притисок.
Д-р Мајкл Ли од Универзитетскиот оддел за анестезиологија тврди дека е ретко и невообичаено првородените да не бараат нешто за болка, поради што нивниот праг на болка е поголем отколку кај другите жени.

Тим научници секвенционирал генетски код кај обете групи жени и откриле дека оние во тест групата имаат ретка варијанта на генот KCNG4.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]