Треба ли да ги шпионирате децата? Задолжително! Само да не ве фатат

Многу родители ги прислушкуваат своите деца, им ја пребаруваат собата, им ја проверуваат ...Каде е границата помеѓу заштитата на детето и неговата приватност?

0
177

Читањето на пораки, пребарувањето на неговите работи, проверувањето на информациите со пријателите, детето го толкува сето ова како недоверба, а не како загриженост!

Почитувајте ја приватноста на вашето дете и кажете му дека сте секогаш тука ако има проблем. Сепак, треба да знаете како се однесува во виртуелниот свет.

Ако ви го крие телефонот, веќе треба да бидете загрижени.

Ако детето го крие телефонот во ваше присуство, оди во друга просторија кога испраќа и чита пораки, не ви дозволува да го видите неговиот профил и ве блокира – треба да бидете загрижени. Треба да пронајдете начин и да откриете што прави  на Интернет.

Секој втор ден родител редовно го шпионира своето дете!

Шест од десет родители ги читале пораките на своите деца на социјалните мрежи, покажало истражување кое опфатило 2000 родители. 60 проценти од нив признале дека ги шпионирале своите деца. Значи, кога ќе се појави можност, проверете што пишува и што гледа на Интернет вашето дете. Децата понекогаш несвесно објавуваат постови кои не би требало, да речеме, политички изјави и слично.

Како да не ве фати дека го шпионирате?

Најважно е да не ве фатат. Важно е да ја откриете шифрата со која го отклучува телефонот, а треба да го дознаете уште додека му го купувате апаратот. Тогаш е лесно – додека тој се бања или кога ќе му го „уапсите“ телефонот, прегледајте сè, но не и некои нови пораки кои ќе пристигнат токму тогаш или кои се уште не ги отворил, бидејќи така ќе ве фати.
Многу е важно да го научите вашето дете како да се однесува во виртуелниот свет, да знае дека не смее да ги објавува своите слики и локацијата кадешто се наоѓа. Договорете се колку часови може да помине со својот телефон и со игрите.
Редовно запознавајте ги другарите со кои се дружи бидејќи тие се менуваат со текот на годините.

Сепак, покрај блискоста со детето, најважно е да му го знаете друштвото – со кого оди на училиште, на тренинг, со кого се шета низ маало. Друштвото се менува со текот на годините, затоа бидете во тек. Научете го вашето дете редовно да ве известува каде оди, со кого и кога ќе се врати и нема да има причина да се грижите.

Експертите предупредуваат дека кога детето ќе открие дека неговите родители постојано го проверуваат, тоа може да го повреди и да го загрози односот со него. Повеќе разговори и заеднички активности ќе доведат до тоа вашето дете да ви верува и отворено да ги изразува своите мислења, чувства и желби.

Но, колку и да им верувате, не им дозволувајте да имаат профил на социјалните мрежи пред да наполнат 12 години, бидејќи се тогаш сѐ уште незрели.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]