Порака до учениците: Бидете добри со вашите наставници!

Една млада жена на својот профил на Инстаграм им се обрати на учениците со молба да бидат љубезни и добри кон своите наставници, на кои во овој период им е навистина тешко.

0
174

Она во што сме сигурни е дека во оваа систуација на пандемија со корона вирусот на сите ни е тешко. Иако стартот на учебната година кај нас е поместен за 1 месец, наставниците се веќе на своите работни места. И додека родителите се борат да им биде добро на нивните деца кои се соочуваат со големи промени, често немаат разбирање за не од другата страна, за наставниците и учителите.
Како родители, имаме одговорност нашите деца да бидат добри со другите луѓе, без оглед дали станува збор за средба во живо или не. Затоа е важно да бидат добри и полни со разбирање кон учителите и наставниците, зашто тие даваат сè од себе.
Еден Инстаграм пост ги поттикна луѓето во целиот свет да се потсетат колку им е стресно и тешко на сите наставници во овој период.

„До сите ученици, ве молам бидете добри со наставниците. Мојот татко има 53 години и не се снаоѓа најдобро со технологијата. Секој ден ми ѕвони и ми поставува различни прашања, многу е нервозен, а сака да го направи најдоброто за учениците. Ве молам, бидете трпеливи. Сите наставници навистина се трудат.

Без оглед дали ја познаваат технологијата или не, тие се трудат на најдобар начин да им го приближат материјалот на своите ученици. Сигурно се под стрес поради тоа.
Сигурно е тешко секој ден да носиш маска и да држиш дистанца во училницата.
Можеби се и уморни, како последица од потешкотиите со интеракцијата.
Што и да е во прашање, и тие исто како нас, се борат и се грижат за многу работи за да им го обезбедат на децата потребното образование.
Охрабрете ги децата да бидат добри со нив!

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]