Бидејќи последните години има сè повеќе обиди да се подигне свеста за екологијата и ѓубрето со кое сме затрупани, мајките повторно се предупредуваат да ги вратат во употреба памучните пелени.
Од една страна, ѓубрето што се произведува со фрлањето на пелените за еднократна употреба е голем проблем, но проблем е и перењето на памучните, затоа што користиме повеќе средства за перење кои не се баш здрави за озонот и човековата околина.
Пелените за еднократна употреба предизвикуваат многу помалку маки отколку памучните. Ќе треба да ги менувате поретко, не истекува од страните и непријатните мириси се многу помали, а да не зборуваме за секојдневното перење и пеглање.
Предноста на памучните пелени е што не можете да останете без нив во најлош можен момент, а доколку сте подготвени за непријатното искуство на секојдневно перење, сигурно ќе заштедите многу пари со користење на памучни пелени.
Здравствени факти
Бебињата кои носат памучни пелени многу поретко добиваат алергии од оние кои носат еднократни. Многу е потешко да се процени колку е влажно бебето во пелена за еднократна употреба и тоа е причината зошто тоа може да помине повеќе време во урината што е една од главните причини за појавување на исфрланост додека во памучните пелени тоа не е можно.
Памучните пелени можат да бидат поудобни за бебињата, бидејќи тие за еднократна употреба се полни со пластични и вештачки материјали.
Дали би се одлучиле да употребувате платнени мајки, како вашите мајки и баби или сепак ги бирате еднократните?
Фото: Pexels