Дали сте им ја раскажале на своите деца приказната за Јованче и Марика?
Не го знаеме потеклото на оваа фотографија, но ни се појави од некаде и некако не потсети на куќичката од приказната за Јованче и Марика, иако во сосема поинакво руво од слатката верзија од приказната. Оваа некако многу ни личи на „војводинска верзија“.
Наводно, станува збор за училишен проект на ЕУ, а детето кое ја направило куќичката, освоило прво место. Ама не не држете за збор…
Да се потсетиме: Си беше еднаш еден сиромашен дрвар кој имаше две деца, Јованче и Марика.Беше толку сиромашен што одвај успеваше да ги прехрани. Кога еден ден немаше веќе што да им даде,ги остави децата во шумата зашто не сакаше да му умрат пред очи. Кога останаа сами во шумата,кутрите дечиња не знаеја што да прават. Се обидоа да се вратат дома, но залудно: шумата беше толку густа и непроодна што тие се повеќе се оддалечуваа од вистинскиот пат. Ноќта ја дочекаа гладни, преморени и без покрив над главата. Утредента
Што мислите, која верзија би им се допаднала повеќе на вашите деца? Знаете ли можеби кое е потеклото на оваа фотографија и кој е дизајнерот на „сувомеснатава куќичка“?