Веројатноста децата да фатат Ковид 19 би можела да биде 20 пати поголема дома отколку на училиште

Според истражување на белгиски научници, децата имаат помала шанса да се заразат со Ковид-19 на училиште отколку дома.

0
249

Научниците од Националното здравствено тело во Белгија откриле дека стапката на пренесување на коронавирусот во училниците е далеку пониска отколку во сопствените домови.

Само 0,8 отсто од младите во карантин, во рамките на системот за следење контакти, биле позитивни на вирусот. Стапката е повисока кај наставниците – околу 4,5 отсто.

Заразените лица често го пренесуваат коронавирусот на околу 20 отсто од роднините во нивниот дом, тврди белгискиот државен виролог Стивен ван Гухт.

Експертите веруваат дека децата се исто толку изложени на Ковид-19 колку и возрасните. Но, истражувањата посочуваат дека има помала веројатност тие да ја пренесат болеста.

Истражувањето било спроведено од Институтот „Сиенсано“. Околу 378  заразени со коронавирус биле пријавени во училиштата во Белгија помеѓу март и јуни, од кои 270 биле ученици, а 108 биле вработени.

Околу 4.470 деца на возраст под 18 години биле ставени во самоизолација бидејќи биле во контакт со позитивен случај. Само 36 ученици биле позитивни, што значи дека или биле заразени на училиште или во својот дом.

Во меѓувреме, од 243 вработени 11 биле заразени, што е стапка од 4,5 отсто.

„Можеме да кажеме дека процентот на инфекции на училиште е многу мал“, изјавил белгискиот државен виролог.

Тој додал дека стапките на пренесување на вирусот во домашни услови се многу повисоки – луѓето обично го пренесуваат вирусот на 10 до 20 отсто од членовите на семејството. Ова доаѓа откако медицинската агенција на Европската Унија објави бројки што покажаа дека повторното отворање на училиштата не довело до зголемување на бројот на заразени.

Експертите од Европскиот центар за контрола на болести во извештајот од 6 август заклучиле дека пренесувањето на вирусот од дете на дете во училиштата би било ретко. Тие додаваат дека повеќето деца се заразуваат на друго место, такашто училиштето не е главно место за пренесување на инфекцијата кај децата.

„Постојат спротивставени објавени докази за влијанието на затворањето/повторното отворање на училиштата врз нивото на пренос во заедницата, иако доказите од следењето на контактите во училиштата и податоците од голем број земји на ЕУ укажуваат на тоа дека повторното отворање на училиштата не е поврзано со значително зголемување на преносот во заедницата. Тековните докази покажуваат дека училиштата не се разликуваат од кое било друго опкружување во однос на ризикот од ширење на вирусот“, се вели во извештајот.

Децата веројатно нема да се разболат сериозно со „Ковид-19“ и ризикот некое од нив да умре од оваа болест е многу мал, покажале десетици студии.

Научниците предупредуваат дека децата не се имуни. Секој може да се зарази со вирусот – технички наречен SARS-CoV-2. Но, осум месеци од почетокот на пандемијата во Кина, лекарите ширум светот сè уште се збунети зошто изгледа дека се младите отпорни на болеста.

Причините за нивната отпорност на болеста сè уште не се јасни, и покрај бранот обиди посветени на откривање на вистината за спорната тема.

Доказите покажуваат дека коронавирусот е најопасен за оние со веќе постоечко лошо здравје и е најопасен за постарите лица. За споредба, грипот претставува голема закана за децата.

Ретко кое дете починало од Ковид-19. Само шест под 14-годишна возраст ѝ подлегнале на болеста во Англија и Велс, според официјалните податоци.

Сер Дејвид Спигехалтер од универзитетот Кембриџ вели дека ризикот за нив е „неверојатно низок“, додавајќи: „Мислам дека ниту една друга возрастна група не била побезбедна во историјата на човештвото“.

Целиот текст побарајте го ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]